Македонија
Македонија очекува скора измена на визното законодавство на ЕУ

Македонската Влада очекува ЕК да поднесе предлог за измена на визната регулатива до Советот на ЕУ, до крајот на јуни или почетокот на јули
Македонската Влада очекува ЕК да поднесе предлог за измена на визната регулатива до Советот на ЕУ, до крајот на чешкото или почетокот на шведското претседавање со ЕУ, односно крајот на јуни или почетокот на јули.
“Ова ќе значи иницирање на правна процедура за трансфер од црна на бела листа на државите кои ги исполниле условите за визна либерализација“, соопштија денеска извори во македонското Министерство за надворешни работи (МНР).
Според истите извори, ваквите очекувања се базираат врз извештајот на ЕК, од мај годинава, каде Македонија доби позитивни оценки за реформите во оваа област.
“Македонија има чисто досие, нема прашање што е проблематично“, посочуваат од МНР, и додаваат дека е важен “индивидуалниот, а не регионалниот пристап“.
Правно, предлогот од Советот на ЕУ треба да се испрати во Европскиот парламент (ЕП), а процедурата паралелно се одвива и во двете институции.
Парламентот доставува “мислење“, преку необврзувачка резолуција, по што предлогот се дава на усвојување на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи.
“Последниот состанок на Советот годинава е на 30 ноември и 1 декември, каде за измените на визното законодавство се одлучува со квалификувано мнозинство“, објаснуваат од МНР.
ЕК денеска, на иницијатива на Словенија, ќе ги информира земјите членки на ЕУ за подготвеноста на државите од Западен Балкан за укинување на визниот режим.
Според најавите, и шефовите на дипломатии на ЕУ, кон средината на јуни, ќе ја повикаат Комисијата што поскоро да подготви соодветна правна основа за промена на уредбата за визите, за да може ЕУ од први јануари 2010 да ги укине визите за оние земји од Западен Балкан, кои ги исполнуваат условите за тоа./крај/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: Инвестираме во грижата и образованието на децата од градинките

„Како Влада на „Влен“, продолжуваме да придонесуваме за подобрување на условите за нашите граѓани. Како дел од инвестирањето во подобри образовни услови и инфраструктура во предучилишното образование, Владата на „Влен“ инвестира во изградба на градинки во Чаир и Сингелиќ. До 2028 година, се очекува да се создадат речиси 4.000 нови простори во градинките низ целата земја, преку изградба на 28 нови капацитети. Како што најави министерот Фатмир Лимани, досега се изградени капацитети што овозможуваат сместување на околу 1.500 деца, додека во изградба се уште 11 објекти што ќе обезбедат простор за уште над 1.100 деца“, велат од „Влен“.
„Оваа инвестиција е важен чекор кон пошироко вклучување на децата во образовниот систем од рана возраст, гарантирајќи подобар и порамноправен почеток за сите деца без етнички, социјални или регионални разлики. Современите дневни центри што се градат се опремени со современи и модерни стандарди, што обезбедува безбедна, топла и образовна средина за децата и нивниот развој. Оваа инвестиција од Владата која се грижи за граѓаните уште еднаш ја покажува важноста што се дава на инвестирањето во иднината на земјата преку квалитетно образование за нашите деца од предучилишна возраст.
Покрај директните придобивки за децата, преку обезбедување поквалитетно образование, овие проекти позитивно влијаат и на животот на нивните родители, кои ќе имаат повеќе можности за професионално ангажирање на своите работни места. Бидејќи грижата, безбедноста и образованието на децата ќе се одвиваат во дневните центри што се градат. Овој проект, исто така, го промовира локалниот развој, создава нови работни места и ја зајакнува заедницата.
Владата на „Влен“ останува посветена на создавање одржлива образовна инфраструктура што ќе им служи на сегашните и идните генерации!“, соопшти „Влен“.
Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.