Македонија
Даночните решенија за имот од среда

Граѓаните и фирмите на територијата на Скопје од среда ќе почнат да ги добиваат решенијата за данок на имот, соопшти денеска градската управа
Граѓаните и фирмите на територијата на Скопје од среда ќе почнат да ги добиваат решенијата за данок на имот, соопшти денеска градската управа.
Дистрибуција на даночните решенија за имот за правни и физички лица ќе се врши по општини на подрачјето на Град Скопје во периодот од 10 до 20 јуни.
Оваа година ќе бидат дистрибуирани 147.000 решенија.
Обврска на секој граѓанин и на секое правно лице е да ја потпише доставницата, со што се потврдува приемот на решението за данок на имот..
Граѓаните и фирмите со решенијата ќе добијат и лозинка преку која ќе можат да ја проверат состојбата на имотот на Интернет-страницата на Град Скопје – www.skopje.gov.mk /крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Гази Баба денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта промена на затварач (шибер) од Ф 80мм на ул.Јани Лукровски бр.1 (кај Б.П Мак Петрол), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јани Луковски, улицата 16-та Македонска Бригада, улицата Трифун Хаџијанев и улицата Лазар Поптрајков, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура до 27 степени

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
И во сабота ќе се задржи стабилно и топло време со засилен јужен ветер (над 60 km/h). Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.
Македонија
Карпош, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 13.30 часот, корисниците од М.В. Село, Злакуќани, засегнати и корисниците кои се напојуваат од МРО-4 на фундамент пред ATLANTIK MARCELLA (општина Карпош)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Врполе, дел од ул. Илија Димовски-Гоче, дел од ул. Мите Богоевски и дел од ул. Михаил Глинка (општина Аеродром)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Шандор Петефи (општина Кисела Вода)
-во периодот од 11.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Ацо Шопов и Марк Твен (општина Карпош)