Македонија
Раст на трошоците на живот од 1,0 отсто

Трошоците на живот во Македонија според класификацијата Coicop, во мај 2009, во споредба со април 2009, изнесува 1,0 отсто
Трошоците на живот во Македонија според класификацијата Coicop, во мај 2009, во споредба со април 2009, изнесува 1,0 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во мај во однос истиот месец лани е зголемен за 0,4 отсто.
Анализирано по главни групи, во мај 2009, во однос на претходниот месец, пораст на индексите е забележан во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 2.2%, Рекреација и култура за 0.7%,
Алкохолни пијалаци и тутун и Здравје за 0.5%, Сообраќај и Останати стоки и услуги за 0.4% и Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.1%.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во следните групи: Ресторани и хотели за 0.5%, Мебел, покуќнина, одржување на покуќнина и Комуникации за 0.2%. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.