Македонија
Иванов – Решение без засегање на идентитетот
„Сакаме да постигнеме решение со кое нема да биде засегнат македонскиот идентитет, нема да биде срушена гордоста на населението“, рече претседателот
„Ние сакаме да постигнеме решение со кое нема да биде засегнат македонскиот идентитет, нема да биде срушена гордоста на населението“, изјави денеска македонскиот претседател.
Претседателот Ѓорге Иванов во врска со грчко-македонските разлики за името предупреди дека секој друг компромис „е компромис под принуда, со уцена и не е во корист на земјава“, пренесе А1 телевизија.
Во врска со разговорите за името, американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер порача дека за идентитетот не се преговара.
„Она што треба да се разреши е тоа што се нарекува прашање за името. Земјата треба да најде име за да почне да се движи кон натамошна целосна интеграција. Идентитетот е ваш, на секој поединец и на секоја група. Тоа е нешто за што не може да се преговара. Со решението за името ќе се зацврсти европскиот идентитет на Македонија“, рече амбасадорот во интервју за „Дневник“.крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

