Македонија
Меѓународен полициски симпозиум во Охрид
Меѓународен полициски симпозиум на претставници на извршното ниво на полицијата (ИПЕС), денеска ќе започне во Охрид
Меѓународен полициски симпозиум на претставници на извршното ниво на полицијата (ИПЕС), денеска ќе започне во Охрид.
Петдневната ИПЕС конференција, во организација на Министерството за внатрешни работи, е посветена на темата „Полициско работење, приватен сектор, економски развој, општествени промени“.
Според најавите, денеска попладне ќе се одржат неколку работни сесии, а в среда конференцијата формално ќе ја отвори првиот човек на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски.
На 16. по ред Конференцијата ќе учествуваат околу 120 претставници од околу 30-тина земји од светот. Предавањата се поделени во неколку панел сесии кои покриваат повеќе области и тоа: соработка на полицијата, развивање на безбедносни сојузи, полициско работење и безбедност, предизвиците на превенцијата на криминал, безбедноста и економскиот пораст.
ИПЕС е основан во 1994 година од страна на д-р Дилип Дас и е регистриран како непрофитна образовна корпорација. Негова цел е поддршка на полициските образовни иницијативи и давање професионални услуги за полициските служби во светот./крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

