Македонија
Последен ден од учебната година
Учебната 2008/2009 година завршува денеска за околу 300 илјади основци и средношколци во Македонија
Учебната 2008/2009 година завршува денеска за околу 300 илјади основци и средношколци во Македонија.
Изминатата година ќе остане запаметена по големиот број новини кои беа воведени во образовниот процес во државата, од кои некои не поминаа со успех.
Во учебната 2008/2009 година за прв пат беа воведени двата изборни предмети веронаука и историја на религии за петтоодделенците. Поголемиот дел од родителите на учениците се одлучија нивните деца да изучуваат веронаука, а учебниците по тој предмет доцнеа неколку месеци.
Но, верското образование кон средината на месец април годинава падна на Уставен суд, откако беше донесена одлуката за укинување на членот 26 од Законот за основно и средно образование. Уставниот суд излезе со образложение дека одредбата од Законот е спротивна на Уставот.
Вероучителите, кои беа вработени оваа година во училиштата одржаа протести во Скопје против таквата одлука, а јавноста остана поделена по тоа прашање.
Наставниците кои членуваат во Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) во ноември, минатата година штрајкуваа десеттина работни денови со барање да им се зголемат примањата и трајно да се вработат просветните работници кои работат со договор на дело.
Министерот за образование, Перо Стојаноски пред неколку дена соопшти дека до крајот на јуни ќе бидат вработени наставници кои работат со такви договори, а предност ќе имаат оние кои без прекин работат пет години.
Изминатата учебна година, за прв пат во основните и средните училишта требаше да биде воведено и екстерното тестирање. Тоа, според Министерството за образование и наука имаше за цел да ја провери објективноста на наставниците при оценувањето. Учениците неколку дена протестираа против таквата новина, но единствено матурантите се изборија за ослободување од екстерното тестирање поради тоа што на крајот од годината полагаат и државна матура.
Сепак, Уставниот суд и таквата новина ја стави под знак прашалник, кога кон крајот на месец мај поведе постапка за одредби од законите за основно и средно образование, што се донесени во јули 2008 година, а кои се однесуваат на екстерна проверка на знаењето на учениците.
Судот изрече привремена мерка за запирање на извршувањето на актите и дејствијата што се базираат на законските одредби./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

