Македонија
Бизнисмен не вработува лица кои аплицирале на англиски јазик
Македонски бизнисмен одлучил да не вработува лица, кои што молбите за работа и нивната биографија ја пишувале на англиски јазик
Македонски бизнисмен одлучил да не вработува лица, кои што молбите за работа и нивната биографија ја пишувале на англиски, наместо на македонски јазик.
За ваквиот чекор извесен Ангел Иванов денеска преку писмо во весникот „Дневник“ ја известува македонската јавност.
Тој наведува дека деновиве објавил оглас за две работни места, на кој што единствен критериум биле квалитетите и квалификацијата.
Но, и покрај тоа што не било побарано познавање на англиски јазик, половината од 80 пристигнати молби биле напишани исклучиво на англиски јазик, што го револтирало Иванов, па решил истите веднаш да ги елиминира.
„Далеку сум од патриот, уште подалеку од антички Македонец, ама ме навредува да ги читам молбите на англиски. Жалам, ама апликациите на англиски, како и нивните поднесувачи, се одбиени. Во приватниот бизнис, каков што е мојот, се бара кандидат, кој одлично говори македонски и потоа другите со ред“, истакнува Иванов. /крај/дв/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Делови од Бутел, Чучер Сандево и Илинден денеска без струја
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Чучер Сандево и Илинден.
– Во период од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улицата 18 броеви од 30 до 40, улицата Радишанска броеви од 40 до 70, во општина Бутел.
– Во период од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во село Мирковци во општина Чучер Сандево.
– Во период од 09:00 до 14:00 часот корисниците од улицата од Мршевци кон Бујковци во општина Илинден.
Македонија
Претпладне појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за слаби врнежи од дожд
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла. Во петок претежно во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците ја следеше инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.