Македонија
Македонија ќе го зголеми учеството на силите во Авганистан

Македонија ќе го зголеми учеството на силите во ИСАФ мисијата во Авганистан
Македонија ќе го зголеми учеството на силите во ИСАФ мисијата во Авганистан.
Ова го најави македонскиот министер за одбрана, Зоран Коњановски во рамки на работните состаноци во Брисел.
„Владата кон крајот на 2008 година донесе одлука за зголемување на нашето учество за 25 проценти, а оваа година имаме и политичка одлука да го зголемиме учеството и заедно со нашите партнери од САД дополнително, со два вода, да учествуваме во ИСАФ мисијата во Авганистан“, најави министерот Коњановски.
Според министерот, намалувањето на буџетот нема да има влијание во поглед на македонските мировни мисии.
„Можеби има дилема дека со намалувањето на буџетот ќе се намалат можностите за нашето учество во мисиите, но тоа воопшто не се однесува на нашето ангажирање во однос на мисиите, напротив имаме зголемување на тоа учество“, посочи министерот Коњановски.
Истовремено, информирајќи за билатералните средби со министрите за одбрана на Словачка, Чешка и Литванија, Јарослав Башка, Мартин Бартак и Раса Јукневичиене, министерот Коњановски се осврна и на проблемот што го наметна Грција со името на шата држава.
„Кажав дека не се чувствуваме како дел од проблемот што го наметна Грција, меѓутоа сакаме да бидеме дел од решението на тој проблем“, истакна по средбите министерот Коњановски, соопшти Министерството за одбрана./крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, ако е доблесен, нека им се извини на граѓаните за целокупниот хаос во државата оставен од владеењето на СДС

СДС не може да си го среди хаосот во сопствените редови, не пак да друго. Прво што треба да направи Венко Филипче, ако е доблесен, на средбите со граѓаните наместо да им продава демагогија, да им се извини за општествениот, економски, социјален хаос кој го остави седумгодишното владеење на СДС, каде директен учесник беше и тој самиот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Креаторот на проблемите, СДС не може да биде решение.
За седум години ја опљачкаа и ја презадолжија државата, економијата ја уништија, а народот го осиромашија.
Седум години институциите на СДС му служеле за испумпување пари и богатење на поединци.
Целиот државен апарат и безбедносен систем ги ставиле во функција на нивно останува на власт, па така го следеле, прислушкувале и документирале секој чекор и разговор на претседателот Христијан Мицкоски, партиски функционери и членови, како и новинари и бизнисмени“.
Сега, додаваат од владејачката партија, СДС, на чело со Венко Филипче, може да седи и да гледа како со ВМРО-ДПМНЕ се водат и се развиваат општините и државата, како се реализираат проекти и се креираат мерки и политики кои го подобруваат животот.
Македонија
Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната попладневна седница е дадена согласност за уште четири нови кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори:
Едис Хасан – кандидат за градоначалник на Шуто Оризари.
Жика Стојановски – кандидат за градоначалник на Илинден.
Игор Христов – кандидат за градоначалник на Кочани.
Исуф Синани – кандидат за градоначалник на Долнени.
Со ова, СДСМ веќе има објавено 64 кандидати за градоначалници од СДСМ во 64 општини ширум државата.
„Сите кандидати на СДСМ се луѓе со интегритет, докажани кадри со желба за работа и јасна визија за развој на своите општини.
Кандидатите на СДСМ ќе бидат гласот на граѓаните, ќе работат за решавање на секојдневните проблеми, за подобрување на квалитетот на живот и развојот на општините“, велат од СДСМ.
Македонија
ДОМ со поддршка за петицијата на „О2“: Стоп за ново јавно-приватно партнерство за „Дрисла“

Зелената партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја поддржува онлајн петицијата на Иницијативата О2 и ги повикува граѓаните да ја потпишат, за да се спречи ново јавно-приватно партнерство и да се обезбеди Дрисла да остане во јавна сопственост, велат од ДОМ.
„Петицијата е важен граѓански механизам со кој се испраќа јасна порака дека Скопје мора да добие современ, одржлив и јавно контролиран систем за управување со отпад, а не повторување на истите неуспешни и сомнителни модели од минатото.
ДОМ оценува дека загадувањето од депониите и честите пожари веќе станаа сериозен здравствен ризик. Наместо ад-хок решенија, потребна е стратегија која ќе овозможи минимално депонирање, искористување на европски фондови и долгорочна цел за „нула отпад“, по примерот на европските градови.
Заедно можеме да ја промениме иднината на Дрисла и да обезбедиме чист воздух за сите. Затоа, ве повикуваме да ја поддржите граѓанската иницијатива и да ја потпишете петицијата ОВДЕ“, соопштуваат од ДОМ.