Македонија
Благ пораст на берзата, релазирани две блок трансакции
Вкупниот промет од 55.463.532,00 денари се реализираше на последниот ден на тргување од тековната недела, а се остварија и две блок трансакции
Вкупниот промет од 55.463.532,00 денари се реализираше на последниот ден на тргување од тековната недела, а се остварија и две блок трансакции.
На официјалниот пазар прометот беше 36.280.582,00 денари, додека на редовниот пазар прометот изнесуваше 19.182.950,00 денари.
Се реализираа две блок трансакции, од кои едната со акциите на Комерцијална Банка АД Скопје при што се постигна просечна цена од 2.600,00 денари, а вредноста на трансакцијата изнесуваше 11.879.400,00 денари. Беше реализирана количина од 4.569 акции што претставува 0,23% од основната главнина на банката. Втората блок транскација се оствари со акциите на Македонска Берза АД Скопје.
Вредноста на трансакцијата изнесуваше 12.110.000,00 денари, а се постигна цена од 173.000,00 денари по акција. Се истргуваа 70 акции, односно 2,51% од основната главнина.
МБИ-10 забележа скромен пораст од 0,42%, додека вреноста на индексот изнесуваше 2.678,54 индексни поени. МБИД се намали за 0,14% а вредноста на индексот изнесуваше 2.368,50 индексни поени. ОМБ оствари слаб раст од 0,05% со вредност од 104,91 индексни поени.
Од официјалниот Пазар најмногу се тргуваше со акциите на Комерцијална Банка при што се оствари вкупен промет од 14.703.763,00 денари. Просечната цена изнесуваше 2.742,10 денари со мал пораст од 0,13%. Вкупно се истргуваа 5.599 акции.
Со државната обврзница за денационализација од осмата емисија се оствари промет од 11.964.043,97 денари. Просечната цена изнесуваше 77,96% од номиналната вредност што е зголемување за 0,55% во однос на претходниот ден. Се тргуваше со вкупно 250.321 обврзници.
Акцијата на Макпетрол оствари промет од 2.299.364,00 денари со просечна цена од 42.580,81 денари што значи пораст за 0,33%. Се истргуваа 54 акции.
Покрај блок трансакцијата со акциите на Македоснка Берза со која се најде на врвот од најтргуваните акции од редовниот пазар, доста активно се тргуваше и со акцијата на Стопанска Банка Скопје при што остварениот промет беше 3.124.520,00 денари. Се постигна просечна цена од 208,30 денари при тоа забележувајќи пад од 7,05%. Се истргуваа 15.000 акции преку 30 трансакции.
Со акцијата на Тутунска Банка се оствари промет од 1.797.445,00 денари. Просечната цена изнесуваше 4.362,73 денари со остварен раст од 3,87%. Се истргуваа вкупно 412 акции.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Комерцијална Банка Скопје
2. Македонска Берза
3. Р.Макдонија – Денационализација 08
4. Стопанска Банка Скопје
5. Макпетрол Скопје
Хартии од вредност со најголем пораст
1. ОХИС Скопје 6,00%
2. Стопанска Банка Битола 4,76%
3. Гранит Скопје 4,11%
4. Тутунска Банка Скопје 3,87%
5. Македонијатурист Скопје 3,00%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Стопанска Банка Скопје 7,12%
2. Макстил Скопје 4,12%
3. Р.Македонија – Денационализација 04 0,80%
4. Фершпед Скопје 0,67%
5. Р.Македонија – Денационализација 07 0,43%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со магла и малку сонце
Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Во понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
Македонија
Возете внимателно, маглата ја намали видливоста на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 100 до 200 метри има од Тетово – Скопје – Куманово – Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино – Д.Капија и магла со видливост до 50 метри има Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен – М.Брод – Кичево и Дебар, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Јанчев од Левица по сообраќајната несреќа: Веднаш пружив помош, но бев мета на политичка хајка
Пратеникот и лидер на Левица, Саше Јанчев, денеска се огласи по повод сообраќајната несреќа во која бил учесник, истакнувајќи дека во настанот се погодени најмалку три семејства и бројни блиски лица, поради што досега, како што вели, свесно молчел. Јанчев нагласува дека не сака да навлегува во детали од несреќата, но чувствувал потреба јавно да се произнесе поради, како што тврди, политичката злоупотреба на случајот.
Тој изрази жалење за сè што се случило таа вечер и посочи дека веднаш по несреќата пружил помош и повикал итни служби. Притоа, Јанчев укажа дека брзата помош, според неговите наводи, пристигнала по цели 50 минути.
Во изјавата потенцира дека бил единствениот легален учесник во сообраќајот во конкретната несреќа и отфрли тврдења дека управувал возило под дејство на алкохол или дрога, како и дека возел со непрописна брзина, оценувајќи ги ваквите информации како целосно неточни.
Јанчев реагира и на објавите во дел од медиумите дека управувал „бесен џип“, наведувајќи дека неговото возило е старо 20 години и дека станува збор за намерно креиран наратив. Според него, уште истиот ден по несреќата, владејачките партии започнале, како што рече, координирани политички напади против него.
Тој обвини дека бил јавно осуден преку партиски прес-конференции и медиумски настапи, без, како што посочи, да се постави прашањето за одговорноста на министерот за внатрешни работи и министерот за здравство. Јанчев наведе и дека од страна на власта му биле упатени закани поврзани со работата на Анкетната комисија за Кочани.
Во однос на прашањето за пратеничкиот имунитет, Јанчев истакна дека никогаш не се повикал на него и дека имунитетот, како што нагласи, не ја исклучува кривичната одговорност.
„Сето ова се прави без чувство дека во приказната не сум само јас, туку и луѓе кои се настрадани и длабоко потресени“, наведе Јанчев, повторувајќи дека искрено жали за сè што се случило и дека не знае зошто морало да дојде до таков трагичен настан.

