Македонија
Полицијата за инцидентот во Мичурин
Полицијата во врска ноќешниот инцидент, соопшти дека кај мажот, кој со автоматска пушка дивееше се констатирани 1,39 промили на алкохол во крвта
Полицијата во врска со тешкиот иницидент што се случи ноќеска, соопшти дека кај мажот, кој со автоматска пушка дивееше во Скопје се констатирани 1,39 промили присуство на алкохол во крвта.
Полицијата од лицето М.Н.(1953) ја одзела автоматската пушка во чија цевка и за време на лишувањето од слобода имало еден куршум, потоа, една рамка со 32 куршуми калибар 7,62 мм и еден нож-кама кој му бил врзан околу ногата.
Од пукањето се оштетени вратите на неколку станови на петтиот и шестиот кат каде се пронајдени повеќе чаури испукани од автоматска пушка и една рамка од автоматска пушка, наведува МВР. Извршен е увид на лице место, а СВР-Скопје презема мерки за целосно расветлување на настанот./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

