Македонија
Македонското собрание за стратегијата за името
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/278f32e0-a679-4942-8a18-82bf5646990b.jpeg)
Македонското Собрание денеска треба да расправа за „Предлог – Државна стратегија за решавање на разликите со Грција во врска со името на Македонија“
Македонското Собрание денеска треба да расправа за „Предлог – Државна стратегија за решавање на разликите со Грција во врска со името на Македонија“.
Во текстот на документот се посочува дека предмет на разговорите со Грција е само изнаоѓање решение за име кое ќе ја замени привремената референца, без какви и да е измени на Уставот.
„Уставот на Македонија не треба повторно да биде предмет на измени во контекст на процесот околу името…Македонија треба да инсистира на ставот на Советот за безбедност на ОН содржан во Резолуцијата 917 договореното решение да биде користено како замена за сегашната референца, односно за потребите на ОН“, се наведува во стратегијата
Во неа се препорачува Македонија да инсистира Грција да не го блокира членството во сите меѓународни организации во кои е примена под привремената референца.
Документот препорачува Македонија да ја реафирмира заложбата за подигнување на дипломатски односи со Грција на ниво на амбасади, како и да продолжи да биде доследна да не го употребува како симбол сонцето од Вергина
Стратегијата, поднесена во јануари годинава од пратеникот на Либералната партија Стојан Андов, претрпе измени во текстот на крајот од мај по консултации со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски насловена/крај/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Без струја делови од неколку скопски општини
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/10/struja-havana.jpg)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека денеска поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 10:30 до 14:30 часот, дел корисниците од с.Горно Нерези (Карпош);
· Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците Ул. Чаирска од бр. 40 до бр. 90, ул Цветан Димов од бр. 4 до бр. 20 (општина Чаир);
· Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците дел од потрошувачите околу манастир св.Илија – Чардак и Етновила Весница (општина Чучер Сандево);
· Од 07:30 до 16:00 часот, корисниците ПВ Метало Солар, Фабрика ИЦЕМАК, Дел од ул.1, над маркет Давидов, до кружен тек (општина Аеродром).
Македонија
Прекинато водоснабдување за дел од улицата Максим Горки
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/10/voda2.jpg)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради дефект на улична цевка од ф 200мм на ул. Максим Горки бр 13, без вода ќе останат корисниците на дел од ул. Максим Горки.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево време
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/oblak.jpg)
Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Следува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Во петок и сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.