Македонија
Државниот врв се координира за името
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов свика координација за текот на разговорите за надминување на разликите за името со Грција
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов свика координација за текот на разговорите за надминување на разликите за името со Грција
На пладневната средба кај претседателот ќе присуствуваат премиерот, Никола Груевски, вицепремиерот Абдулаќим Адеми и министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски.
Посредникот во грчко-македонскиот спор за името, Метју Нимиц во понеделник треба да има средби со претставниците на двете страни во седиштето на ОН во Женева
На почетокот на јули Нимиц се очекува да се сретне со владините функционери во Скопје и Атина.
Средбата кај претседателот доаѓа еден ден откако партиите во Собрание не успеаја да ги усогласат ставовите по текстот на Државната стратегија за решавање на разликите со Грција околу името./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од неколку скопски општини
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека денеска поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 10:30 до 14:30 часот, дел корисниците од с.Горно Нерези (Карпош);
· Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците Ул. Чаирска од бр. 40 до бр. 90, ул Цветан Димов од бр. 4 до бр. 20 (општина Чаир);
· Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците дел од потрошувачите околу манастир св.Илија – Чардак и Етновила Весница (општина Чучер Сандево);
· Од 07:30 до 16:00 часот, корисниците ПВ Метало Солар, Фабрика ИЦЕМАК, Дел од ул.1, над маркет Давидов, до кружен тек (општина Аеродром).
Македонија
Прекинато водоснабдување за дел од улицата Максим Горки
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради дефект на улична цевка од ф 200мм на ул. Максим Горки бр 13, без вода ќе останат корисниците на дел од ул. Максим Горки.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево време
Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Следува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Во петок и сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.