Македонија
Милошоски за визната либерализација
Одлуката на советот на министри за надворешни работи има две димензии – препознавање на постигнувањата од технички план и политичката волја во ЕУ
Одлуката на советот на министри за надворешни работи има две димензии – препознавање на постигнувањата од технички план и исполнувањето на критериумите за безвизен режим и втората е самата политичка волја на сите земји членки на ЕУ и сите земји членки согласно оваа визна политика.
Ова денеска во Скопје го изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски по повод вчерашната одлука на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ за зелено светло за визна либерализација на Македонија.
“Визната либерализација е процес кој очекуваме да заврши позитивно до крајот на оваа година“ рече Милошоски.
Тој објасни дека по донесувањето на оваа одлука на ред е Европската комисија да ја покрене и процедурално иницијативата за измена на регулативата за визна либерализација.
Европскиот парламент треба да даде согласност за новата регулатива и тоа од комисиите – за правда и внатрешни работи, и за надворешна политика, со што би се создале сите услови на први декември 2009 година повторно Советот на министри да може да го затвори донесувањето на одлуката.
Потоа истата ќе биде објавена во службените гласила на ЕУ и со самото тоа станува применлива за сите земјо членки на Еврозоната.
„Тоа значи дека македонските граѓани со македонски пасош ќе можатда се движат од крајот на оваа или од почетокот на наредната година слободно во шенген зоната“.
Според Милошоски ова од први јануари ќе важи и за Швајцарија и Норвешка.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска посочи дека визната либерализација се однесува на сите важечки македонски патни исправи без оглед дали станува збор за биометриски или стариот тип на пасоши. /крај/амп/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

