Македонија
Достоинствен компромис за името
Спорот со името треба да се реши со компромис, рамноправност и запазување на достоинството и принципите на Скопје и Атина
Спорот со името треба да се реши со компромис, рамноправност и запазување на достоинството и принципите на Скопје и Атина.
Ова попладнево го изјави шефот на дипломатијата Антонио Милошоски по координативната средба на државниот врв за текот на разговорите за надминување на разликите за името со Грција.
„Сметам дека за долгорочно и успешно затворање на овој спор навистина е потребно да има една средина, еден компромис, во кој ќе се чувствува одредена рамноправност и запазување на достоинството и принципите на двата субјекти вклучени во ова прашање“, изјави Милошоски.
Македонскиот државен врв е подготвен во претстојната нова рунда најавена од медијаторот Метју Нимиц да вложи максимални напори за исчекор во дијалогот со Грција околу името, изјави Милошоски по средбата што ја свика претседателот Ѓорге Иванов, а на која учествуваа и премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Абдулаќим Адеми.
Одговарајќи на новинарски прашања по средбата, Милошоски не прецизираше дали може да се очекува нов предлог од Нимиц.
„Амбасадорот Нимиц е човек кој има долгогодишно искуство, кој е посветен на ова прашање и очекуваме да знае да најде начин и да направи една добра проценка како и кога можеме да направиме одредени придвижувања“, изјави Милошоски.
Тој најави дека на координациите околу името во иднина и понатаму ќе биде вклучуван вицепремиерот Адеми, како претставник на коалициониот партнер во Владата, но исто така и како легитимен претставник на македонските Албанци.
„Ова е само формализирање на една идеја и размислување кое што подолго време е дел од владиниот пристап кон ова прашање и денес се реализира и сметам дека е добар потег. Учеството на ДУИ во Владата, истовремено и односот на македонските Албанци кон прашањето кое го има наметнато Република Грција, а поврзано со нашето уставно име, има големо значење за нас и сметам дека Република Македонија со ова може да демонстрира внатрешно политички една солидарност меѓусебна, а надворешно политички едно единство кое е навистина многу потребно да се направат добри и квалитетни исчекори по овој спор “, наведе Милошоски.
Тој изрази жалење што во Собранието изостана консензус по предлог државната стратегија за името, поднесена од пратеникот Стојан Андов.. „Останува на Собранието да проценат кога и како можат да ја донесат оваа стратегија и основните насоки. Во секој случај важно е доколку истата биде донесена, да има широк консензус за тоа прашање.“, изјави шефот на дипломатија Антонио Милошоски по координацијата на државниот врв. /крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.

