Македонија
Караманлис-Забраната за македонскиот авион ќе беше ситничарење
Забраната за влез на македонскиот владин авион ќе значеше „ситничарење, нервоза и несигурност“ од страна на Грција,. изјави грчкиот премиер Костас
Забраната за влез на македонскиот владин авион ќе значеше „ситничарење, нервоза и несигурност“ од страна на Грција,. изјави грчкиот премиер Костас Караманлис, пренесува Макфакс.
Караманлис ова го изјави за грчките новинари, образложувајќи ја одлуката на Атина да му дозволи на македонскиот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски да слета на грчки аеродром со авион со националното лого на земјата, што е во спротивност со стандардите на грчката политика.
„Доколку грчката страна одбиеше да му дозволи на авионот на ФИРОМ да слета на Крф со цел шефот на дипломатијата да присуствува на министерската средба на ОБСЕ, тоа ќе се сфатеше како „ситничарење, нервоза и несигурност“, изјави Караманлис.
Застанувајќи во одбрана на ваквата одлука, грчкиот премиер посочи дека „Грција неодамна оствари значаен прогрес во однос на спорот за името со ФИРОМ“, не прецизирајќи притоа за каков прогрес станува збор.
Претходно, грчката опозициска ПАСОК, по дозволата за пристигнување на шефот на македонската дипломатија со владиниот авион на кој пишува Република Македонија на конференцијата на Крф, ја обвини Владата на Караманлис дека прави опасен преседан кој ја поткопува позицијата на Грција во преговорите за името со посредство на Метју Нимиц.
Официјално Скопје во петокот соопшти дека дозволата за македонскиот авион од страна на официјална Атина е нормална работа за една демократска држава.
„Впрочем, тоа е дел од она што сите го нарекуваме заемна и слободна комуникација и мислам дека не треба ова прашање да биде воопшто противречно за сите оние кои се декларираат демократи”, изјави Милошоски.
„И мојот костум е произведен и пишува на него Made in Republic of Macedonia“ и сигурен сум дека ќе ми биде дозволено истиот да го носам на конференцијата на ОБСЕ на Крф”, додаде министерот Милошоски.
Посредникот Нимиц за в понеделник во Женева закажа средба со преговарачите на Македонија и Грција, која е непосредно пред конференцијата на Крф./крај/мс/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

