Македонија
Иванов – Грција предизвикува решителност и револт во Македонија
Мора да се престане на Македонија да и се диктираат услови, а решението на спорот со Грција не смее да задира во честа и правото на самоопределување
Мора да се престане на Македонија да и се диктираат услови, а решението на спорот со Грција не смее да задира во честа и правото на самоопределување на народот.
Ова, како што пренесува Макфакс, го истакна претседателот на Македонија Ѓорге Иванов во интервју за интернет изданието на германскиот неделник „Шпигел“, насловено „Помеѓу решителност и револтот“.
„Името Република Македонија го признаа над 120 држави. Грција сака да се откажеме од оваа придобивка и да прифатиме име – Северна, Горна или Славо Македонија. Јас не знам како албанското население во Македонија би реагирало кога ние ненадејно би станале Славо Македонија и би говореле славомакедонски јазик“, изјави Иванов.
Тој го промовираше ставот за референдумско изјаснување за решение кое би произлегло од разговорите со Грција.
„Во Македонија во тек се разговори со сите партии за можноста за распишување на референдум“, изјави Иванов.
Тој нагласи дека не е едноставно да се најде решение за наметнатиот спор, која има „историска, геополитичка и психолошка основа“.
„ Спорот со името со нашиот северен сосед Грција трае околу 14 години и да беше толку едноставно ќе најдевме решение многу порано Кога Македонија прогласи независност и пристапи како членка на ОН под името Република Македонија, Грција стави вето, со образложение дека тоа било опасно за безбедноста во регионот. Тогаш ни беше наметнато името ФИРОМ.Но зарем некој навистина мисли дека ние сме закана за Грција и дека би постоело обединување со оние Македонци кои живеат во Грција од 1913 година“, изјави Иванов.
Одговарајќи на прашање за антиквизацијата во Македонија, како и во Грција, претседателот Иванов рече дека Скопје не е страната која го започнала овој процес.
На констатацијата на Шпигел дека, сепак, во Македонија владее вистински бум од поставување антички статуи и преименување на улици и објекти со имиња од античкиот период, ,Иванов одговори дека „станува збор за нешто помеѓу решителност и револт“.
„Народите на Балканот се темпераменти и во политиката преовладуваат емоциите.Како вие би ја доживеале фрустрацијата по самитот на НАТО, кога ние бевме сигурни дела ќе славиме како НАТО членка, а следуваше ладен туш Колку пари и ресурси инвестиравме за да станеме способни за влез во НАТО. Ги исполнивме сите реформи. И што е најлошо, до денес, никој официјален претставник на НАТО не најде за сходно да зборува со нас за тоа или да предложи решение“, изјави Иванов во интервјуто за неделникот „Шпигел“/крај/мс/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

