Македонија
Клинтон не доаѓа во Грција
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ја откажа посетата на Грција, каде кон крајот на овој месец требаше да учествува на министерската
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ја откажа посетата на Грција, каде кон крајот на овој месец требаше да учествува на министерската конференција на ОБСЕ.
Откажувањето на посетата, како што јавува Макфакс, го потврди Стејт департментот, наведувајќи дека причина за тоа се здравствени проблеми на Клинтон.
„Државниот секретар, по препорака од лекарите, одлучи да не учествува на средбата на ОБСЕ на островот Крф, како и на средбата на шефовите на дипломатиите на Г8 во Трст“, соопшти портпаролот на Стејт департментот Јан Кели.
Клинтон неодамна го скрши десниот лакот и се уште се опоравува од повредата.
Конференцијата на ОБСЕ, со која годинава претседава Грција, ќе се одржи на 28 јуни на Крф. На средбата ќе учествува и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.
Меѓу учесниците беше најавена и Клинтон, која требаше да има средба со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани.
„Клинтон телефонски и се јави на Бакојани за да изрази жалење што нема да може да учествува на средбата“, соопшти портпаролот Кели.
Тој додаде дека на конференцијата на ОБСЕ ќе учествува американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајнберг, а на средбата на Г8, државниот потсекретар Вилијам Барнс.
Стајнберг на средината од мај ги посети Скопје и Атина. По разговорите со државниот врв во Скопје, високиот американски дипломат порача дека САД останува стратешки партнер на Македонија и ги поддржува напорите во рамките на ОН за изнаоѓање прифатливо решение за разликите околу името./крај/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска Давкова: Потребен е стратешки пристап во решавањето на статусот и заштитата на правата на македонското малцинство во Албанија
xtlvy1s x126k92a”>
„Разговаравме за состојбата на македонското малцинство и односот на албанските институции кон нив, при што укажаа дека се соочуваат со пропаганда и обиди за асимилација коишто го загрозуваат нивниот национален и културен идентитет“, напиша Давкова на својот профил на „Фејсбук“ и додаде:
„Потребен е стратешки пристап во решавањето на статусот и заштитата на правата на македонското малцинство во Албанија, согласно европските и меѓународните документи“.
Македонија
Приведен e поранешниот директор на СОЗР – Пеце Мирчески, вечерва на распит во полициска станица
Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Пеце Мирчески вечерва е приведен во полициската станица Кисела Вода откако денеска Финансиската полиција отвори истрага за сторени кривични дела примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата извршени за време додека бил директор.
Заедно со Мирчески уапсен е и сопственикот на рент-а-кар сервисот ВИП, кој е опфатен со истата истрага.
– Првопријавениот П.М, во својство на службено лице – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, во периодот од 09.06.2021 година заклучно со 13.06.2024 година, свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши и потпишал пет договори за јавни набавки со правен субјект од Скопје, во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П, a притоа не го пријавил постоењето на судир на интереси, не се изземал од истите постапки за јавни набавки и во текот на целиот тој период, а и по престанувањето на функцијата директор, остварувал директна материјална корист за себе и за свое блиско лице од правниот субјект во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П. и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело примање поткуп по член 357 став 1 и став 3 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, а второпријавениот го сторил кривичното дело давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.
Дополнително, првопријавениот П.М, свесно и со умисла во вкупно пет службени исправи – изјави за непостоење судир на интереси во постапките за претходно наведените јавни набавки, внесувал лажни и невистинити податоци и истите со свој потпис овозможил да бидат употребени како вистинити и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело фалсификување службена исправа по член 361 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.
– Првопријавениот П.М, во својство на директор на Службата за општи и заеднички работи, во период од 01.01.2022 заклучно со 13.06.2024 година, во повеќе наврати, прикажувајќи невистинити податоци дека се работи за службени патувања за службени потреби и цели, потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авио билети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство и со тоа овозможил лично за себе и за други лица вработени во Службата да се стекнат со имотна корист во вид на хотелски сместувања, авио билети за реализирани патувања, изнајмување на рент а кар возила за приватни потреби и цели како и исплатени дневници за службени патувања во вкупен износ од 1.792.859 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија и го сторил кривичното дело проневера во службата по член 354 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, посочуваат од финансиската полиција.
Македонија
Македонската полиција препознаена како силен партнер која секојдневно придонесува кон глобалната безбедност, посочија од МВР
На покана на новиот Генерален Секретар на ИНТЕРПОЛ Валдеси Уркиза, делегација од БЈБ, предводена од Директорот Александар Јанев е во прва официјална посета во Лион, Р.Франција.
На средбата со Генералниот Секретар беа дискутирани стратешки и оперативни прашања кои се од особено значење за јакнење и модернизација на капацитетите на македонската полиција, огромниот придонес кој нашата држава во континуитет го пружа кон меѓународната полициска соработка и целокупното функционирање на ИНТЕРПОЛ како глобална полициска организација.
„Од страна на високото раководство на Генералниот Секретаријат на ИНТЕРПОЛ, препознаени сме како кредибилен партнер за соработка, со партиципација во голем број на иницијативи, проекти и оперативни активности на ИНТЕРПОЛ, користење на алатките и сервисите кои се на располагање на нашите полициски служби во борбата против организираниот криминал, тероризмот и компјутерскиот криминал.
Од страна на претставници од ГС на ИНТЕРПОЛ беа презентирани иновациите за полициското работење, активностите на Извршниот Директорат за полициски сервиси во кој спаѓаат борбата против тероризмот, комјутерскиот криминал, организираниот криминал и оперативната поддршка и анализа. Беше реализирана и посета на Командниот и координативниот центар на ИНТЕРПОЛ, кој е надлежен за 24/7 оперативна поддршка на сите 196 држави членки на ИНТЕРПОЛ.
Во текот на посетата, нашата делегација имаше прилика да се запознае со активностите и придонесот на полицискиот службеник од МВР упатен на работа во Генералниот Секретаријат на ИНТЕРПОЛ во Лион.
Со професионален и посветен ангажман, македонската полиција е препознаена како силен партнер која секојдневно придонесува кон глобалната безбедност и безбедноста на нашите граѓани“, велат од МВР.