Контакт

Македонија

Велешките земјоделци ги продолжуваат блокадите

Објавено пред

Земјоделците од велешко најавија дека и денеска ќе ги продолжат блокадите на патот Велес – Штип, доколку Владата продолжи да ги игнорира

Земјоделците од велешко најавија дека и денеска ќе ги продолжат блокадите на патот Велес – Штип, доколку Владата продолжи да ги игнорира.

Земјоделците од велешкиот регион се незадоволни од цената која мелничарите им ја понудија за житото, поради што трет ден од 10 до 12 часот го блокираат патот. Нив вчера им се придружија и земјоделците од Свети Николе.

Земјоделците бараат Владата да го забрани увозот на жито и да гарантира цена за домашното по 11 денари за јачмен и 13 денари за пченица.

Според нив, доколку и денеска не се појави министерот за земјоделство Ацо Спасеновски лично да ги слушне нивните барања, ќе го блокираат и патот Свети Николе – Куманово. /крај/ме/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Јанушев: Ќе изградиме европска патна и железничка инфраструктура

Објавено пред

Се обврзуваме на реконструкција на сите државни патишта, дополнително ќе ја завршиме изградбата на експресниот пат Штип-Кочани и Штип-Радовиш кои беа почнати во време на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, порача генералниот секртар на оваа партија, Игор Јанушев.

Само држава со развиена инфраструктурна мрежа може да се надева на засилен економски раст. Се обврзуваме на:✅Реконструкција на сите државни патишта✅Завршување на изградбата на експресниот пат Штип – Кочани✅Завршување на изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш✅Изградба на експресниот пат Ранковце – Паланка✅Отворање на граничниот премин "Црна скала" кај Делчево✅Отворање на граничен премин Клепало – Сандански кај Берово✅Изградба на пругата Куманово – Деве БаирМакедонија ќе биде земја со развиена патна и железничка инфраструктура на ниво како и останатите земји од Европа. #ИсправиСеМакедонијо#ОдбериОбнова

Posted by Igor Janushev on Сабота, 04 јули 2020

„Во делот на североистокот, од Ранковце до Крива Паланка ќе изградиме исто така експресен пат што ќе значи заокружување на Коридорот 8 на делницата помеѓу Скопје и Софија. Ќе ја разгледаме можноста и за отворање на граничниот премин ‘Црна скала’ и поврзување на Македонија со Бугарија преку нов граничен премин кај Делчево“, посочи Јанушев.

Најави и отворање на граничниот премин премин Клепало – Сандански со што, како што наведе, Берово ќе добие директен линк со котлината на река Струма и автопатот Софија-Солун.

„Градежната офанзива значи и реконструкција и рехабилитација на над 1.000 километри патишта, проект на кој се обврзуваме. Квалитетното железничко поврзување исто така ќе биде наш приоритет. Ќе ја завршиме пругата од Куманово до Деве Баир, но и ќе набавиме нови возови“, посочи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Македонија ќе биде земја со развиена патна и железничка инфраструктура на ниво како и останатите земји од Европа.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Во еден ден казнети 474 граѓани кои не носеле маски

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 474 прекршоци, информираат од МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките донесени од Владата со цел справување епидемијата на Ковид -19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Целосно реновирана Клиниката за пластична хирургија

Објавено пред

Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија е целосно реновирана, објави на социјалните мрежи, министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека комплетно се обновени хируршкиот инструментариум, апаратурата за електро хирургија, неуростимулација и друга специфична апаратура.

„Третманот на пациентите и квалитетот на услугата е подигнат на високо ниво согласно највисоката медицинска пракса. Со ова, исполнети се сите услови за спречување на интрахоспитални инфекции согласно стандардите на Светската здравствена организација“, нагласи Филипче кој додаде дека Владата предводена од СДСМ за многу краток период направила вистински пресврт во јавното здравство при што подобрeни се условите во 32 јавно-здравствени установи.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа49 минути

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет2 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет15 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија18 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа18 часа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија20 часа

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион21 час

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија22 часа

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа22 часа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт23 часа

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион23 часа

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет1 ден

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет1 ден

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет1 ден

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет1 ден

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион2 дена

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет2 дена

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет2 дена

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ2 дена

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија2 дена

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Досие