Македонија
Вардар забранет за капење
Водите на Вардар, во делот кај мостот Влае и на вливот на реката Лепенец во Вардар се загадени и не се исправни за капење, соопшти денеска
Водите на Вардар, во делот кај мостот Влае и на вливот на реката Лепенец во Вардар се загадени и не се исправни за капење, соопшти денеска општина Карпош.
Со цел да се предупредат граѓаните, општината најави дека ќе постави табли за забрана за капење на овие две точки.
Забраната е издадена откако земените примероци вода од површината на реката Врадар покажале присуство на бактериолиошки и хемиски контаминирани материи.
Тоа значи дека дека водите не одговараат за капење, полевање и за употреба и оттаму граѓаните се предупредуваат да не ги користат за вакви намени./крај/со/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
За осум часа на ГП Табановце влегле над 26.500 лица, најмногу македонски државјани
Македонските државјани почнаа да се враќаат дома за да ги поминат празниците со блиските.
На граничниот премин Табановце за неполн ден влегле над 26.500 граѓани, од нив најмногу македонски државјани, информираа денеска од МВР.
– На ГП Табановце во периодот од полноќ сабота до осум часот, недела влегле 26.623 лица од кои 19.520 македонски државјани, соопшти МВР.
Граѓаните кои денеска се враќаа во земјава велат дека се задржуваат помеѓу 20 и 30 минути за влез.
Македонија
ВРЕДИ: Здравството со ДУИ беше тортура за граѓаните
Партиjата нон грата ДУИ, оваа лоша копија на Груевски, во својот очај како изолирана партија, ги користи и најболните случаи само за да го нахрани сопственото гнасно его. Кога беше време да застанат зад здравството, ДУИ се скрија зад своите афери и корупциски шеми, покажувајќи дека за нив власта е поважна од животот на народот. Денеска не имостана лице да бараат одговорност, бидејќи ги наследивмепоследиците од нивното водство додека работиме насанирање на тие проблеми, соопшти ВРЕДИ.
„Станува збор за истата партија која поради својата корумпираност предизвика смрт на 14 граѓани во модуларната болница во Тетово.
Ова е истата партија која две децении држеше во неизвесност илјадници здравствени работници, држејќи ги на привремени договори и злоупотреба ги како изборни алатки.
Но, со Таравари задолжен за здравство, оваа срамна практика завршува! Завршува нивната неизвесност, почнувајќи од систематизацијата на над 1.000 здраствениработници!
Фактите не лажат. Откако ВЛЕН ја презеде одговорноста за здраството, работите почнаа да се менуваат. За прв пат по 15 години е ажурирана позитивната листа на лекови, со што се олеснува товарот на илјадници пациенти. Само годинава, благодарение на заложбата на министерот Арбен Таравари, се примени 300 нови специјализанти, а следната година ќе бидат примени уште 300.
ДУИ нон грата го остави здравството во “клиничка смрт“, но сега се враќа во живот, благодарение на посветеноста и визијата на Таравари“, потенцираа од коалицијата.
-Граѓаните ја видоа разликата, тие што уништуваат и тие што градат. ВЛЕН е одлучен во својата заложба за градење наживотот во нашата земја и немаме намера да застанеме и даги слушаме муабетите на оние кои со години уништуваа сèшто им доаѓаше на патот.
ВЛЕН се залага за подобар живот на граѓаните, нагласуваат во денешното соопштение.
Македонија
Петрушевски: ДУИ има повеќе лица кои ги користи за да може да краде, додека конците се во СДС и Заев, а сега преку куклата Филипче
„Вие во најавата спомнавте за вистинското лице на ДУИ. Јас би споменал дека ДУИ има повеќе лица и ги користи тие лица, или маски по потреба исклучиво само за да може да краде. Тие беа национална партија на Албанците и преку таа реторика успеаја да дојдат на власт и да се одржат. Потоа се реформираа во зелена партија, исто и таа маска им беше потребна за да може да крадат. Потоа беа европска партија, промовираа европски вредности и тоа беше една од нивните маски“ , даде одговор пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во своето обраќање на денешната панел дискусија, каде се дебатираше на тема „Правдата доаѓа“.
Петрушевски во својот говор објасни за манипулациите кои ги прават ДУИ, притоа напомена дека за нивните криминали повеќе нема простор. Според него, потврда за истото е самиот факт дека ДУИ немаат поддршка од својот лекторат, што објаснува за нивните погрешни и штетни политики.
„Сега повторно стануваат национална партија, која штити одредени права кои воопшто не се загрозени. Меѓутоа тоа им е потребно за да се наметнат како некаков фактор на стабилност во државата, за да може да успеат да се вратат во власта. Апсолутно и ова лице им е прочитано.
Со вакво раководство ДУИ е завршена приказна и нема поддршка од својот лекторат“ , дециден е Петрушевски.
Петрушевски јасно подвелече дека ДУИ единствено што правеле е театар, со крајна цел да може да продолжи континуитетот на кражба од нивна страна. Образложи за разните маски кои ги употребуваат, но и додаде дека во краен случај секогаш се разоткриени од јавноста.
„Правеа драма, парада пред Уставен суд, електоратот не присуствуваше. Немаат поддршка за политиките кои ги промовираат, политики на барање оправдување како да дојдат на власт за да продолжат да крадат. Во општините каде што тие менаџираат со децении, не се решени основни инфраструктурни проблеми на граѓаните.Да сумирам, ДУИ има повеќе лица којшто ги користи исклучиво за да може да краде“ , посочи Петрушевски.
Петрушевски ја истакна поврзаноста СДС и ДУИ која е исклучиво за криминал. Притоа, посочи дека она што е клучно е фактот што опозицијата обвинува дека судството е партизирано, меѓутоа истите структури за кои обвинуваат се поставени токму од нив.
„Со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се изврши сериозен притисок и преку јавноста во делот на почеток на постапување по високо профилираниот криминал, нешто што изостануваше изминатиов период. Мислам дека тоа е круцијалниот факт. И меѓународната јавност, нашите пријатели и домашната јавност заедно со граѓаните и Владата имаа симбиоза дека мора да почнат овие процеси за високо профилиран криминал да добиваат своја завршница и тоа се огледа во овој пионерски почеток на Владата кој се надевам ќе продолжи и во иднина“ , објасни Петрушевски.
Петрушевски преку својот говор испрати јасна и прецизна порака. Образложи дека кој и да ги води политиките во СДС, не ги води добро. Во овој контекст тој ја спомена и последната анкета која се спроведе вчера. Напомена дека разликата е евидентна. ВМРО-ДПМНЕ е партнер на граѓаните, додека во СДС, Филипче е само кукла и конците продолжува да ги држи Заев.
„Кој и да ги води политиките во СДС не ги води добро. Тоа може да се види од последната анкета која вчера излезе во јавноста. Разликата е огромна, 7 спрема 1 е разликата во однос на лидери на политички парти, 5 спрема 1 по однос на партии. Очигледно е дека и јавноста знае дека Филипче е само продолжение на она што биле и претходно. Очигледно е дека таму конците ги држи Заев, преку одредена кукла која треба да биде во името на Филипче. Мислам дека ова прашање му е јасно на секој еден граѓанин“ , заклучи Петрушевски.