Македонија
Стартува третиот пензиски столб
Доброволното пензиско осигурување во отворениот доброволен пензиски фонд “НЛБ Пензија плус“ промовирано е денеска во Скопје
Доброволното пензиско осигурување во отворениот доброволен пензиски фонд “НЛБ Пензија плус“ промовирано е денеска во Скопје од страна на “НЛБ Нов пензиски фонд“.
Предвидено е ”НЛБ Пензија плус” да вклучува доброволно пензиско осигурување и финансирање на професионални пензиски шеми.
Во првиот случај осигуреникот индивидуално одлучува да издвои дел од сопствените финансиски средства, со што сам одлучува за висината на придонесот што ќе го уплати во третиот столб.
При професионалните пензиски шеми, работодавецот или здружението на граѓани, го избира износот на уплатата, за сите или за дел од своите вработени или членови како дополнителен придонес за пензиско осигурување во рамките на третиот столб.
Доброволниот пензиски фонд обезбедува повисок приход по пензионирањето за осигурениците кои се веќе членови во друг пензиски систем, а со зачленување во доброволен пензиски фонд се обезбедува и пензија на лицата кои не се опфатени со задолжителното пензиско осигурување, како што се долгорочно невработени, вработени на проекти или во странски мисии, или лица кои немаат приходи по ниеден основ.
Уплатените износи на инидивидуалната сметка до висина од 6 просечни нето плати се ослободени од персонален данок.
Со третиот пензиски столб, се заокружува реформата во пензискиот систем кај нас, и се доближува до европските стандарди.
Раководството на ”НЛБ Пензија плус” очекува доброволниот пензиски фонд да наиде на интерес кај голем број граѓани во Македонија. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

