Македонија
Маневски:ПИОМ ми должи пари!
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ми должи пари за неисплатени пензии според Законот кој важел до 31. декември 2008 година
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ми должи пари за неисплатени пензии според Законот кој важел до 31. декември 2008 година.
Ова, во денешната писмена изјава до медиумите, го тврди министерот за правда Михајло Маневски, кој вчера од пратеникот на опозицијата Владо Бучковски беше обвинет дека незаконски примал и плата и пензија.
Според министерот, со член 154 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување му била дадена можност како корисник на старосна пензија, да може да стапи во работен однос и да остварува приход покрај платата и 30% од определениот износ на пензијата.
Маневски тврди дека на 23. февруари оваа година преку писмена изјава побарал да му мирува исплатата на пензијата.
„Не ми е јасно како можеле одредени работници во стручните служби во Владата на Република Македонија да пополнат и поднесат на верификација соодветни обрасци според кои на одреден датум ми престанал работниот однос, а веќе наредниот ден сум повторно пријавен како вработен во Владата на Република Македонија и ресорното Министерство“, се вели во изјавата на министерот Маневски.
Тој најавува дека доколку се утврди оти му должи на Фондот, парите ќе ги врати со камата, а ако Фондот му должи нему, нема да бара исплата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

