Македонија
Владата се откажа од црквата – ја препушта на МПЦ
Владата ги стопира сите активности за изградба на црква на Плоштадот Македонија, а целокупната документација ќе и ја отстапи на МПЦ
Владата ги стопира сите активности за изградба на црква на Плоштадот Македонија, а целокупната документација ќе и ја отстапи на Македонската православна црква (МПЦ).
Ова денеска го соопшти Владата, додавајќи дека го одзема корисничкото право на министерството за култура за користење на земјиштето наменето за изградба на црквата, кое треба да ги стопира сите активности во врска со изградбата на црквата, а документацијата да и ја предаде на МПЦ.
Со ова, како што се наведува, му се овозможува на министерството за транспорт, согласно законските овластувања, земјиштето да го даде на Македонската православна црква, од која ќе зависи во целост продолжувањето на понатамошните активности и надлежноста по ова прашање.
Во однос на иницијативата за обнова на Бурмали џамијата, тргнувајќи од фактот дека урбанистичкото уредување на земјиштето е во надлежност на Општина Центар, Владата заклучи дека доколку Општина Центар изврши измена на урбанистичкиот план за изградба на џамија, Владата ќе ја почитува одлуката на Општина Центар.
Покрај ова, Владата информира и дека Исламската Верска Заедница повеќе од една деценија бара земјиште за изградба на сопствена резиденција и библиотека, а Министерството за транспорт и врски работи на изнаоѓање на такво земјиште кое би било дадено на Исламската Верска Заедница, откако би се завршиле сите правни и законски процедури./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

