Македонија
Второ пријавување за првиот уписен рок од понеделник
Второто пријавување во првиот уписен рок во средните училишта во Македонија започнува во понеделник
Второто пријавување во првиот уписен рок во средните училишта во Македонија започнува во понеделник.
Учениците ќе можат да ги поднесуваат документите за упис во средните училишта и во вторник, а прелимирнарните резултати ќе бидат објавени на 1. јули.
Во второто пријавување во првиот уписен рок има 19.302 слободни места.
На македонски наставен јазик има 10.391 слободно место, на наставен албански јазик има 8.083 слободни места, за наставата на турски јазик има 693 слободни места, како и 135 слободни места за повторувачите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Деспотовски: Доста ни е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување
Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата.
„Мене но и на секој социјалдемократ кој се вградил во темелите на најстарата партија во Македонија, ни е доста од лагите, конструкциите и манипулациите на сегашното раководство на СДСМ. Единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата. Ниту сметам, а најмалку чувствувам лична одговорност за тоа што поранешни, а и сегашни функциониери на партијата веќе јавно коментираат за состојбите во СДСМ и за политиките и одлуките на сегашниот партиски врв“, вели Деспотовски.
Според него, никој друг освен сегашното раководство нема одговорност за исклучувањето на партијата од клучните процеси во државата.
„Од неучеството на средба на лидерите на најголемите партии, што е само дистанцирање од сопствената земја и граѓани. Од инаетењето со клучни законски проекти од значење за безбедноста на граѓаните. Ова што се случува одамна ја помина секоја границата на внатрепартиска дебата. Станува збор за свесна клевета и политичка хајка, која нанесува штета не само на моето име и интегритет, туку се гази и угледот на партијата. Партија што низ децениите ја градеа илјадници другари, кои сигурно не сонувале дека нашата СДСМ ќе води дневна борба со медиуми и медиумски работници“, вели Деспотовски.
Тој додава дека отворањето на внатрешни битки и поделби е политика на сегашното раководство на партијата, кое го применува како метод за опстојување и преживување.
Деспотовски, исто така, побара и јавно извинување од СДСМ.
„Доколку веднаш не следи јавно извинување и повлекување на сите лажни и навредливи наводи во серијата соопштенија, ќе бидам принуден да преземам правни чекори за клевета и лична, а потоа и за континуирано нарушување на угледот на СДСМ“, вели Деспотовски и додава дека никој нема право со валкани игри да руши нешто што е создавано со жртва, верба и идеали.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во декември лани побара исклучување на Деспотовски од партијата, обвинувајќи го за дејствување против интересите на СДСМ и за, како што наведуваат, соработка со политички структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.
Македонија
Министерот Сали на Самитот во Давос
Првиот заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Самитот во Давос и на Средбата на лидерите 2026, значајна платформа за дијалог и глобална соработка.
Тој учествуваше на два тематски панела: „Клима, конфликти и грижа“, каде беше нагласена важноста на дијалогот и регионалната и меѓународната соработка; и „Балканот – историја, стабилност и иднина“, каде се дискутираа регионалните предизвици, европската интеграција и економскиот развој како столбови за мир и долгорочна стабилност.
За време на својот престој, Сали оствари средби со политички претставници, бизнис-лидери и медиумски куќи од целиот свет, при што дискутираа за можности за соработка, партнерства и за политичките и економските развојни перспективи на регионот, со посебен фокус на Северна Македонија.
Македонија
„Финансиска поддршка за квалитетни проекти и активности“: Герасимовски упати јавен повик за граѓанските организации
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации кои дејствуваат на територијата на општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година.
Средствата се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микро-бизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни.
Герасимовски посочи дека невладините организации се докажани партнери на општината, промотори на позитивни вредности и нови идеи.
„Ги повикувам сите здруженија и фондации што имаат добра идеја и квалитетен проект да се пријават на јавниот повик и да ја искористат можноста за финансиска поддршка“, порача градоначалникот Герасимовски.
Рокот за поднесување пријави и документација е 10 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар.
Пријавите може да се достават преку пошта на адресата Општина Центар – Скопје, улица „Михаил Цоков“ бр. 1, или во Архивата на Општина Центар (барака 6) од 9 до 15 часот.
Повеќе информации за јавниот повик на: Јавни повици | Општина Центар

