Македонија
Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2009“
Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2009“, од денеска до шести јули, по четврти пат се одржува во Скопје
Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2009“, од денеска до шести јули, по четврти пат се одржува во Скопје.
Покровител на колонијата е Град Скопје, а техничката организација е на Музејот на Град Скопје во партнерство со хотелот „Арка“, кој е и главен спонзор на Колонијата.
Уметниците ќе работат во специјално подготвени простори за работа во хотелот „Арка каде што ќе престојуваат цело време.
Во Колонијата учествуваат пет домашни уметници и тоа Маја Џартовска- Хил, Томе Мишев, Вељо Ташовски, Бурхан Аџмети и Жаклина Глигориева- Кочоска, како и Фабиен Лид од Дижон ( Франција) , Анка Крашна од Марибор (Словенија), Ахмед Озел од Истанбул, (Турција), Алдемар Ибрахимовиќ од Црна Гора и Славица Марин од Хрватска
Лоцирањето на колонијата во центарот на Старата скопска чаршија, која претставува старо градско јадро заштитено со закон, е во рамките на програмските активности на Град Скопје за негова ревитализација и реанимација.
По завршувањето на колонијата ќе биде отпечатен каталог и ќе се организира изложба со делата од колонијата за време на одбележувањето на 13 Ноември -Денот на ослободувањето на градот. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

