Македонија
Оштетените млекопроизводители од Сведмилк се откажаа од ФФМ

Здружение на млекопроизводители од Сведмилк, формирано од оштетените млекопроизводители, се откажува од членство во Федерацијата на фармери на
Здружение на млекопроизводители од Сведмилк, формирано од оштетените млекопроизводители, се откажува од членство во Федерацијата на фармери на Македонија.
Во соопштението до јавноста се вели дека новото Здружение се откажува од членство во Федерацијата бидејќи таа ништо не направила во заштитата на оштетените млекопроизводители.
Во Здружението на млекопроизводители оштетени од Сведмилк членуваат над 3.000 фармери кооперанти на млекарницата. Формирано е на почетокот на овој месец во Битола. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарите се подметнати, излегоа снимки и докази кои тоа го потврдуваат додека СДС прави политички маркетинг, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Сведоци сме на зачестени пожари низ државата, за кои според сите индиции, не се последица на природни фактори туку на намерно дејствување и подметнување од страна на човечки фактор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Најновиот пример, според нив, е снимка од Делчево, каде се гледа како лице намерни пали пожар и веднаш потоа бега од местото на настанот. Овие случаи, како што оценуваат, не се изолирани, напротив, додаваат, на повеќе локации се пронајдени натопени дрва и палети со бензин, гуми и ракавици што дополнително го потврдува сомнежот за организирано подметнување.
„Секојдневно се приведуваат лица, а дел од нив директно или индиректно се поврзуваат со СДС. Дополнително дека станува збор за смислено сценарио говорат и реакциите на СДС кои со денови злонамерно ликуваат и собираат политички поени на тема со пожарите.
Планот на СДС за предизвикување хаос не успеа особено во Скопје каде имаше најмногу подметнати пожари. Наместо помош на населението при справувањето со пожарите, СДС само обвинува и прави политички маркетинг.
За разлика од минатото денес има повеќе опрема, подобро обучен персонал и поголема мобилизација. Времето кога се дејствуваше со стара механизација и Фап на Заев од 1975 година заврши. Институциите работат посветено“.
Ги повикуваат надлежните институции да преземат посериозни мерки за сите кои стојат позади овие штетни и опасни активности.
Македонија
Алијанса за Албанците: Политичката групација „ФЛЕН“, потоната во конфузија и зафатена од политичка апатија

Политичката групација „ФЛЕН“, потоната во конфузија и зафатена од политичка апатија, во понеделникот изјави дека нивната борба е за затворање на казината и заштита на семејствата.
Алијансата за Албанците им порачува дека ова е изгубена битка, бидејќи новиот закон за игрите на среќа, подготвен од ВМРО-ДПМНЕ, веќе е готов и наскоро ќе биде ставен во процедура за усвојување, се нагласува во соопштението од оваа партија.
„ФЛЕН“, како што велат, по којзнае кој пат, ја лаже јавноста, тврдејќи дека се бори против индустријата на коцкањето.
Според нив, во реалноста, новиот предлог-закон само ја зајакнува и понатаму ја легализира оваа индустрија, особено преку онлајн игрите на среќа.
„Овој политички субјект продолжува да спие, додека ВМРО-ДПМНЕ ги подготвува законите и им ги сервира како „свршен чин“ за гласање.
Според новиот закон, лиценците за онлајн операторите ќе продолжат да се издаваат на период од 6 години, исто како и досега, што го потврдува отсуството на било каква волја за забрана или ограничување на оваа штетна активност.
Наместо да се забрани оваа индустрија, се создава затворен и монополизиран систем кој ги фаворизира компаниите блиски до власта и отвора сериозни сомнежи за тајни профити на луѓе блиски до владините структури“.
Според Алијанса за Албанците, наместо да ги следи најдобрите европски практики, како забрана на агресивно рекламирање, ограничување на пристапот за малолетници, поставување лимити за трошење, или соработка со здравствени организации, Северна Македонија го олеснува развојот на коцкарската индустрија во име на дигитализација и формализација.
„Овој предлог-закон не е реформа за граѓаните, туку политички акт кој ја претвора зависноста од коцкањето во извор на приходи за државата и за други блиски до власта.
„ФЛЕН“, парализиран од еуфоријата на првите денови во власт, нема ниту улога, ниту влијание, ниту глас во овој процес.
Она што Алијансата за Албанците одамна го има разобличено, многу брзо ќе се потврди и јавно – кога Владата ќе го поднесе законот на усвојување“.
Македонија
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Во среда и четврток ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо и ветровито со услови за локален дожд. Во деновите од викендот ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.