Македонија
Ахмети – Прашањето за името во политички маркетинг

Лидерот на ДУИ Али Ахмети смета дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ често пати прашањето за името го користат за политички маркетинг, јави дописникот на Макфакс
Лидерот на ДУИ Али Ахмети смета дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ често пати прашањето за името го користат за политички маркетинг, јави дописникот на Макфакс.
„Господинот (Никола) Груевски веќе четири години зборува за ова прашање и мислам дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ често овој спор го користат за политички маркетинг”, изјави Ахмети во Тетово, по состанокот на кој амбасадорот Зоран Јолевски го информираше за средбата со медијаторот Метју Нимиц во Женева.
За референдумското изјаснување, Ахмети изјави дека станува збор за прашање, за кое треба да се слушне мислењето и ставот на опозицијата и да се постигне консензус.
„Во решавачкиот момент ние како партија ја преземаме одговорноста и носиме решение за одредената состојба“, рече претседателот на ДУИ
„Албанците ја чувствуваат Македонија како своја земја и сакаат да дадат свој конструктивен придонес во решавањето на спрот со името.”
Ахмети на прес конференцијата, по заминувањето на Јолески го изнесе ставот дека во процесот за името треба да се вклучат сите партии, од власта и опозицијата, истакнати личности и меѓународниот фактор./крај/сс/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади запишани во посебниот Избирачки список со лица во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 гласачи од домовите за стари лица.
Локалните избори се одржуваат во сите 80 општини во државата и во Град Скопје.
Се гласа на 3.474 избирачки места.
На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Македонија
Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“

Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална изјава од нив, што досега беше начин на комуникацијата на родителите на починатите со јавноста.
Преку испишаните пораки на транспарентите, тие и денеска за трагедијата во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои бараат правда и праведно судење. Десетина минути беше блокиран сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.
Маршот за нивните ангели родителите го почнаа од „Паркот на Револуцијата“, од каде се упатија кон Трговскиот центар. Марширањето продолжи кон Основниот суд со кратки запирања пред зградата на УЈП и Полициската станица.
27. „Марш за ангелите“ во Кочани денеска заврши каде и што почна – во „Паркот на Револуцијата“.