Македонија
НБМ: Ризиците во 2008 се зголемија-стабилноста се задржа
Ризиците во 2008 година се зголемија, главно поради глобалната криза, но финансиската стабилност се задржа
Ризиците во 2008 година се зголемија, главно поради глобалната криза, но финансиската стабилност се задржа.
Ова се наведува во Извештајот за финансиската стабилност во Македонија за 2008 година, што во среда го усвои Народната банка на Македонија.
Глобалната економска и финансиска криза имаше ограничено директно влијание врз макроекономската стабилност, но значително се одрази врз макроекономската стабилност во Македонија се наведува во извештајот.
Економската активност лани во земјата забави и се зголеми надворешната нерамнотежа, како последица на намалувањето на економската активност во развиените земји, пред се во најголемите трговски партнери на Македонија и особено поради остриот пад на цените на металите, кои се стратешки извозни производи.
Лани во однос на 2007 година се зголеми значењето на ризиците од реалниот сектор. Побавниот годишен растеж на финансиската актива на населението од 7,9 насто и на неговиот расположлив доход од 8,6 проценти, наспроти стапката на задолженост од 37 насто го намалија капацитетот на сервисирање на долгот кон банките и другите финансиски институции.
Високото ниво на задолженост на населението кое што е со валутни компоненти и прилагодливи каматни стапки го изложува овој сектор на валутен и каматен ризик.
Истиот ризик се однесува и на корпоративниот сектор , кој не остана изолиран од настаните во економското опкружување. Задолженоста на корпоративниот сектор продолжи да расте и лани со годишна стапка од 31,2 насто.
Ризиците за финансискиот систем лани останале во контролирани рамки, се наведува во извештајот.
Вкупните средства на финансискиот систем на крајот на минатата година изнесувале 280,9 милијарди денари (4,6 милијарди евра) и во споредба со 2007 се зголемиле за 13,7 насто. Ова е само половина од годишната стапка на раст остварена во 2007 година.
Највисоки стапки на растеж забележале средствата на пензиските фондови и на лизинг компаниите.НБМ оценува дека и покрај зголемените надворешни надворешни и домашни фактори за ризик банките лани останале стабилни и сигурни./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права.
Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.
„По разгледувањето, Владата ја усвои Информацијата, по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција задолжена за спроведување на административните и техничките активности во постапката, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати“; соопштија од Владата.
По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата, по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.
фото/Depositphotos
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.

