Македонија
СДСМ – Боцевски заминал поради средби со грчки дипломати?
СДСМ го праша премиерот дали вицепремиерот Ивица Боцевски ја поднел оставката поради наводни средби со високи грчки дипломати за прашањето за името
СДСМ го праша премиерот дали вицепремиерот Ивица Боцевски ја поднел оставката поради наводни средби со високи грчки дипломати за прашањето за името.
Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев бара од премиерот Никола Груевски, да потврди или негира дали имало вакви средби и доколку имало дали се оствариле со негово согласност.
„И најважно од се, дали овие средби евентуално излегуваат од мандатот којшто Вие сте му го довериле на Боцевски и се всушност вистинската причина за неговата оставка“, рече Гоергиев.
Социјалдемократите се интересираат за наводни три средби на вицепремиерот во оставка :со грчкиот заменик министер за надворешни работи во декември 2008 во Брисел, потоа со грчкиот државен секретар за надворешни работи.
„Најпосле, дали кон средината на јуни оваа година, е остварена средба помеѓу Боцевски и висок дипломат во грчката амбасада во Вашингтон за време на одржувањето на конгресот на Обединетата македонска дијаспора, на која е разговарано околу проблемот со името“, прашува потпретседателот на партијата./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

