Македонија
Бензините поевтинуваат 2,5 денари

Малопродажните цени на бензините од денеска се намалија за 2,5 денари, дизелите поевтинија за еден денар и екстралесното зa половина денар
Малопродажните цени на бензините од денеска се намалија за 2,5 денари, дизелите поевтинија за еден денар и екстралесното зa половина денар.
Новата цента на ЕУРОСУПЕР-95 изнесува 60,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР-98 е 61,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 62,00 ден/лит и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е IV) од ноќеска на полноќ изнесува 48,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 49,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 38,00 ден/лит.
Малопродажните цени на мазутот М-2 и на мазутот М-1 НС се намалуваат за 0,267 ден/кг, односно за 0,275 ден/кг. Така цената на мазутот М-2 изнесува 24,407 ден/кг и на М-1 НС изнесува 25,937 ден/кг.
Ова е прво поевтинување на цените на нафтените деривати, по перидот на континуиран раст во последните месеци. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја, објави премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.
Наскоро, како што појаснува, со конкретната примена на одлуката за без визното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство.
„Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина“, пишува Мицкоски.
Македонија
Судот и’ го одзеде пасошот на претседателката на антикорупциската комисија која споделувала службени тајни на „Вибер“

На претседателката на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, одземен и’ e пасошот, откако Кривичниот суд го прифати предлогот за определување на мерки за претпазливост, како осомничена во дополнетата истрага за предметот „Адитив“.
Таа се сомничи дека преку апликациите за пораки „Вибер“ и „Ватс ап“ му оддавала службени тајни на друг обвинет за поведени постапки, за отворање предмети и одлуки против сега обвинетите фирми и лица во предметот „Адитив“, како и податоци за проверка на имот и неговото семејство.
За првоосоничениот Б.Н. кој се товари за злосторничко здружување, злоупотреба на постапка за јавни набавки и перење пари, определена е мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Кривичниот суд.
И за осомничената Б.П.М., определени се мерки за претпазливост, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова и забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело.
Против овие решенија странките имаат право на жалба.
Македонија
Девет лица завршија во притвор поради злоупотреби со инвалидските пензии и туѓа нега

На деветмина осомничени од уапсените 23 во акцијата за туѓата нега, судот им одреди мерка притвор од 30 дена.
Едно лице сè уште е недостапно за органите на прогонот.
Притворот за деветмината осомниченни е определен поради опасност од бегство, попречување на истрагата со влијание врз сведоци и опасност од повторување на делото, информираа од Кривичниот суд.
Петмина завршија во куќен притвор, додека за девет лица, судот определи мерки на претпазливост, односно обврс да се јавуваат во судот и привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.
Во истрагата на Обвинителството се опфатени вкупно 49 лица. Се работи за две криминални групи чии членови разработиле шема преку која на лица баратели на социјални услуги им овозможувале да добијат право на туѓа нега и инвалидска пензија. Меѓу осомничените има и лекари специјалисти кои биле претседатели Стручната комисија за издавање наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице.