Македонија
Тојота нема да го организира ГП на Јапонија
Компанијата Фуџи Интернешенал Спидвеј, филијала на јапонскиот конструктор на автомобили Тојота, денеска соопшти дека од 2010. година нема да ја
Компанијата Фуџи Интернешенал Спидвеј, филијала на јапонскиот конструктор на автомобили Тојота, денеска соопшти дека од 2010. година нема да ја организира Големата награда на Јапонија во Ф1.
„Поради рецесијата што нè погаѓа од октомври исклучително е тешко, посебно за преживување на нашата компанија, доколку продолжи да ја организира Големата награда на Јапонија“, се вели во соопштението на Фуџи Интернешенал Спидвеј.
Тојота, која доста тешко го поднесува уривањето на светскиот автомобилски пазар ја забележа првата загуба во историјата и се предвидува дека ќе остане во „црвено“ до крајот на оваа година.
Гран При на Јапонија за првпат беше возена на стазата Монт Фуџи во 1976., но следната година не се возеше, откако Жил Вилнев излета во публиката и усмрти еден гледач.
ГП на Јапонија се врати во 1987. на соседната патека Сузука, сопственост на конструкторот Хонда, а повторно се врати на Монт Фуџи во 2007 и 2008. година.
Од оваа година требаше да се организира наизменична трка на двете стази, со тоа што оваа година ќе се вози на Сузука. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

