Македонија
Осуден убиецот на шурата на Тачи
Казна затвор од 15 години му изрече денеска тетовскиот суд на Сафет Азизи (32) од Порој за убиство со умисла на Зулгани Реџа и за недозволено држење
Казна затвор од 15 години му изрече денеска тетовскиот суд на Сафет Азизи (32) од Порој за убиство со умисла на Зулгани Реџа и за недозволено држење на оружје и муниција.
Убиениот Реџа беше сопственик на локалот Вип во Тетово и шура на лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи.
Според обвинението, Азизи на 11 ноември минатата година го застрелал Реџа пред неговиот дом по што избегал од местото. Следниот ден тој бил приведен од полицијата.
За време на судскиот процес Азизи признал дека имал автоматска пушка без дозвола и дека го убил Реџа, но, оти не се сеќава на сите детали како го извршил убиството.
Според неговиот исказ, повод за целиот случај била нивна расправија неколку седмици претходно.
При претресот на куќата на Азизи во Порој полицијата пронашла автоматска пушка, пиштол и поголемо количество муниција./крај/сс/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

