Македонија
Пет нови министри во Владата на Македонија

Владата на Република Македонија ќе има пет нови министри откако шефовите на ресорите на финансии, образование, земјоделие и евроинтеграции
Владата на Република Македонија ќе има пет нови министри откако шефовите на ресорите на финансии, образование, земјоделие и евроинтеграции, ги напуштаат своите функции поради оставки или смени.Макфакс дознава дека нов министер за финансии и потпретседател на Влада ќе биде Зоран Ставревски.Ресорот образование ќе го води Никола Тодоров, а нов министер за земјоделие ќе биде Љупчо Димовски, втор човек во министерството за земјоделие ќе биде Перица Ивановски соопштија официјални владини извори.Според истите извори, нов вицепремиер за економија ќе биде Владимир Пешевски, а ресорот евроинтеграции ќе го води Васко Наумовски.Министерот за финансии Трајко Славевски е сменет од премиерот Груевски, а министрите за образование и земјоделие самите си поднесоа оставки.Од Владата, за сега нема објаснување за оваа крупна рокада, најавувајќи дополнително можно соопштение. /крај/рп/мс/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

Насилството на советникот на Венко Филипче од Кочани, Аки Акиов кој во општинскиот Совет со стаклено шише повреди вработена во општината, е почеток на реализацијата на темното сценарио за дестабилизација и предизвикување чувство на страв, велат од ВМРО-ДПМНЕ по инцидентот во Советот.
Според партијата, се работи за сценарио за дефокус и за дестабилизација во Кочани, кое служи за спас на политичката кариера на Венко Филипче, кој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, има рејтинг во рамките на статистичка грешка и на кого му се заканува дебакл на следните избори.
„На ова опасно сценарио, секако, му асистира добро познатиот креатор на мрачни сценарија, Зоран Заев кој е и ментор на Филипче. Ова нивно последно сценарио за сеење страв е дел од план кој Филипче го правел со Заев далеку од очите на јавноста, во Дубаи. Средбата на која го подготвиле ова сценарио се случила пред месец дена, а тоа е периодот кога јавно кажувавме дека Филипче е шест дена тајно во Дубаи, каде се среќавал со Заев. Советникот Акиов е човек многу близок до Зоран Заев, тоа може да се види од јавно достапните фотографии и тој прв почна со имплементација на планот за спас на Филипче. Внесување страв и паника кај народот од локални тепачи кои се закануваат, е добро позната и веќе испробана тактика на Заев, која сега ја применува Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се додава дека дел од дословното спроведување на планот на Заев е и декларативното осудување на настанот. Филипче ако сака некој да му верува дека искрено се оградува од насилството во Кочани, јавно ќе се дистанцира и ќе побара оставка од неговиот советник.
Македонија
Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихеровата скала бил почувствуван синоќа во Охрид и околината.
Според информациите на сеизмолошкиот институт, потресот е регистриран половина час по полноќ.
Епицентарот е во пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, јужниот дел на Охридско Езеро.
Македонија
Сончево време со температура до 33 степени

Времето денес ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје претежно сончево и малку посвежо. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во наредните денови следува период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.