Македонија
9 починати и 413 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје – 205, Куманово – 37, Велес – 20, Прилеп – 19, Битола – 15, Штип – 14, Кавадарци – 12, Пробиштип – 9, Тетово, Охрид и Гевгелија по 8, Кичево и Кочани по 7, Струмица – 6, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево по 5, Македонска Каменица – 4, Струга, Неготино, Радовиш и Кратово по 3, Богданци и Демир Хисар по 2 и по еден заразен во Гостивар, Берово и Пехчево.
Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица, од кои четворица од Скопје (74, 73, 72 и 28 години), двајца починати од Велес (86 и 74 години) и по едно починато лице од Кавадарци (65), Пробиштип (55) и Штип (71). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште четворица починати во периодот од 6 до 9 октомври. Починатите се од Куманово, Струмица, Кичево и Гостивар на возраст од 57 до 84 години. Од пријавените, двајца се починати во болнички, а двајца во домашни услови.
Во изминатото деноноќие регистрирани сe и 309 оздравени пациенти од: Скопје – 137, Куманово – 27, Штип – 20, Битола – 14, Кавадарци, Кочани и Свети Николе по 12, Велес – 11, Тетово – 9, Прилеп – 8, Крива Паланка – 7, Охрид – 6, Виница – 5, Гевгелија и Струмица по 4, Струга , Неготино, Кратово, Ресен и Валандово по 3, Демир Хисар и Крушево по 2 и по еден оздравен во Пробиштип и Радовиш.
Направените 3.025 теста се преку: ИЈЗ – 274, ЦЈЗ Скопје – 66, ЦЈЗ Битола – 59, ЦЈЗ Прилеп – 34, ЦЈЗ Тетово – 28, ЦЈЗ Куманово – 55, Судска медицина – 1, лабораторија во болницата во Козле – 18, Институт за микробиологија – 150, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 72, „Авицена“ – 130, „Биотек“ – 264, „Систина“ – 62, лабораторија „Лаор“ – 107, „Синлаб“ – 8, „Ремедика“ – 7, „Плодност“ – 32, „Генеа“ – 8, „Никоб лаб“ – 348, „ВФВ медикал“ – 32, „Ели медика“ – 42, „Ројал медика“ – 20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.208.
Досега во земјата се направени вкупно 1.336.229 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 196.376, бројката на оздравени пациенти е 182.782, на починати е 6.901, а бројот на активни случаи изнесува 6.693.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 85.758, Активни 3.372
Куманово 11.816, Активни 552
Тетово 10.899, Активни 169
Прилеп 9.202, Активни 204
Гостивар 7.986, Активни 65
Битола 7.229, Активни 191
Велес 6.485, Активни 311
Кавадарци 6.073, Активни 161
Охрид 6.061, Активни 208
Штип 5.913, Активни 205
Струмица 5.828, Активни 186
Кичево 4.036, Активни 137
Струга 3.813, Активни 60
Кочани 3.382, Активни 124
Гевгелија 2.476, Активни 67
Неготино 2.335, Активни 22
Свети Николе 1.952, Активни 88
Радовиш 1.559, Активни 62
Ресен 1.547, Активни 41
Крива Паланка 1.519, Активни 119
Дебар 1.451, Активни 22
Берово 1.218, Активни 15
Делчево 1.132, Активни 46
Виница 1.062, Активни 40
Пробиштип 953, Активни 41
Валандово 833, Активни 15
Кратово 615, Активни 50
Богданци 566, Активни 19
Крушево 536, Активни 11
Македонски Брод 476, Активни 11
Демир Хисар 463, Активни 32
Демир Капија 410, Активен 1
Македонска Каменица 336, Активни 44
Пехчево 316, Активен 1
Дојран 140, Активен 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јанкулоска: СЈО и сите таму беа „црпнати“, водеа политички прогон и билдаа партиски рејтинзи
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, го коментира застарувањето на предметот „Талир“ на некогашното специјално обвинителство. Таа обвини дека СЈО и сите во него сите таму биле „црпнати” за да дадат одговор кој, кого и зошто незаконски прислушкувал со години, 24/7.
Јанкулоска наведува дека СЈО водело кадровска политика преку политички прогон за билдање на партиски рејтинзи.
„Застарел дел од предмет што ниту можело ниту требало да биде предмет на кривично гонење ако барем некои од оние кои се занимавале со него се држеле до законот, правдата и правото, а не се воделе од политички диктати. СЈО и сите таму, беа “црпнати” за да дадат одговор кој, кого и зошто незаконски прислушкувал со години, 24/7.
Се занимаваа со се освен со тоа за што беа формирани. Водеа кадровска политика во политичките партии преку политички прогон, “билдаа” партиски рејтинзи за изборни цели, преку закани и притисоци одбираа владини партнери не според освоени гласови туку според дневно политички потреби, и сега проблем бил Кривичниот законик од 2023 (кој сам по себе е тема за посебна дебата). Не е ниту до тој ниту до било кој друг закон.
До правниците е, кои во се гледаа математика и тераа политика, си кркаа незаконски бонуси и десет години парадираа до судовите како холивудски ѕвезди и градеа метеорски кариери ама не заради резултати или квалитет туку заради сервилност кон претходната власт“, напиша Јанкулоска на социјалните мрежи.
Случајот „Талир 1“, за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, следната недела ќе почне од почеток по дури 6-ти пат.
Вчерашното рочиште се одложи, а во меѓувреме застаре кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, за кое се гонеа екс премиерот Никола Груевски и Кирил Божиновски, а остана само кривичното дело за перење пари.
Во случајот освен Груевски и Божиновски, обвинети се и Илија Димовски, Леко Ристовски и екс министерот за транспорт, Миле Јанакиески.
Македонија
АМСМ: Намалена видливост на повеќе патни правци
Намалена видливост и појава на магла утрово има во околината на Смојмирово и Буково до 50 метри, Ѓавато до 80метри, Струмица до 100м., Тетово до 40м., Петровец до 150м. и Делчево до 50м.
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
„Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот“, информира АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Македонија
Без струја делови од Ѓорче Петров и Гази Баба
Без струја денеска ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров и Гази Баба.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 23.01.2025 (петок) без електрична енергија ке останат:
· во период од 09.00 до 13.00 часот корисниците, од Ул.Австралиска и Ул Николај Островскиво (општина Ѓорче Петров)
· во период од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците со бр. 3, 4 и 5 во Инџиково (општина Гази Баба)“, оопшти РЦУК -Скопје.

