Македонија
Образложение на оставките
Министрите за образование Перо Стојановски, за земјоделство Ацо Спасеновски, и неговиот заменик Христијан Делев во средата дадоа оставки на своите
Министрите за образование Перо Стојановски, за земјоделство Ацо Спасеновски, и неговиот заменик Христијан Делев во средата дадоа оставки на своите функции.
Претходно неотповиклива оставка даде вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски, а министерот за финансии Трајко Славески е разрешен од функцијата.
Во тивката реконструкција на владата Славески најави дека на собраниската седница на која ќе биде констатирано неговото заминување ќе го искористи правото да каже што и како работел.
Првиот човек на образованието во својата оставка на пет страници, ја образложува својата работа и констатира дека за жал и покрај силната и искрена желба не успеал во залагањата за деполитизација на образовните институции, како и за отстранување на политиката од училиштата“.
Министерот за земјоделство Спасеновски во својата куса неотповиклива оставка пишува дека ја дава почитувајќи го договорот меѓу премиерот и претседателот на СПМ за неговото натамошно ангажирање. Неговиот заменик Делев заминува од лични причини.
Вицепремиерот за евроинтеграции Боцевски, кој отстапи претходно, во неотповикливата оставка адресирана до премиерот вели дека неговиот придонес во актуелната влада целосно е исцрпен.
Во групата високи функционери кои го напуштаат кабинетот на Груевски е и генералниот секретар на Владата, Стојан Тодоров.
Јавноста очекува повеќе информации за оставките и смените во владата, кои најверојатно ќе ги добие на утрешната седница на Собранието, на која треба да бидат разрешени и именувани членови на владата./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

