Македонија
Енио Мориконе го отвора Охридско лето

Италијанскиот композитор Енио Мориконе денеска свечено ќе го отвори 49-то издание на Охридско лето во Античкиот театар
Италијанскиот композитор Енио Мориконе денеска свечено ќе го отвори 49-то издание на Охридско лето во Античкиот театар.
Светски познатиот композитор Енио Мореконе ќе диригира со спектаклот „Беше еднаш во Македонија“ кој ќе го означи почетокот на овогодинешниот фестивал.
На програмата е музиката на Мориконе од филмовите „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш на Дивиот Запад“, „Недопирливите“, „Беше еднаш во Америка“.
Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов во саботата го одликува Мориконе со медал за заслуги за Македонија.
Освен Мориконе, кој е ѕвездата на фестивалот, во Охрид ќе настапат и други познати музички имиња, како Един Карамазов кој соработува со Стинг.
Покрај редовната, и годинава ќе има оф-програма со етно, џез и поп-концерти. Античкиот театар, Долни Сарај, црквата Света Софија и нејзиното предворје се стандардните локации на кои ќе се одржува Фестивалот.
Во театарскиот дел од програмата, на Охридско лето доаѓа претставата „Среќни денови“ на еден од најславните режисери на денешницата – Роберт Вилсон, а прв пат ќе гостува и театарот Ист Вест на познатиот Харис Пашовиќ.
Фестивалот и во своето 49-то издание, се очекува да го потврди високиот меѓународен углед на манифестација со највисоки уметнички дострели и со сите нему својствени карактеристики и специфичности што го прават посебен , препознатлив и единствен во овие наши простори./крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во полициска станица е вработениот во НБРМ за кој Манев тврди дека го фрлил ранецот со пиштолот и моторолите

Во полициска станица и утрово е задржан вработениот во Народната банка, член на партијата „Десна“, кој вчера беше приведен откако Велибор Манев го спомена во завршните зборови во судница од рочиштето за Вања и Панче.
Вработениот во НБРМ беше посочен како задолжен од Љупчо Палевски да го фрли ранецот во кој бил пиштолот и моторолите користени да се киднапираат и убијат Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Детали од неговиот исказ не можат да бидат објавени во оваа фаза, но од Обвинителството соопштија дека за постапката ќе информираат во текот на денот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче јавно да се огради и да побара оставка од неговиот советник тепач во Кочани

Насилството на советникот на Венко Филипче од Кочани, Аки Акиов кој во општинскиот Совет со стаклено шише повреди вработена во општината, е почеток на реализацијата на темното сценарио за дестабилизација и предизвикување чувство на страв, велат од ВМРО-ДПМНЕ по инцидентот во Советот.
Според партијата, се работи за сценарио за дефокус и за дестабилизација во Кочани, кое служи за спас на политичката кариера на Венко Филипче, кој, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, има рејтинг во рамките на статистичка грешка и на кого му се заканува дебакл на следните избори.
„На ова опасно сценарио, секако, му асистира добро познатиот креатор на мрачни сценарија, Зоран Заев кој е и ментор на Филипче. Ова нивно последно сценарио за сеење страв е дел од план кој Филипче го правел со Заев далеку од очите на јавноста, во Дубаи. Средбата на која го подготвиле ова сценарио се случила пред месец дена, а тоа е периодот кога јавно кажувавме дека Филипче е шест дена тајно во Дубаи, каде се среќавал со Заев. Советникот Акиов е човек многу близок до Зоран Заев, тоа може да се види од јавно достапните фотографии и тој прв почна со имплементација на планот за спас на Филипче. Внесување страв и паника кај народот од локални тепачи кои се закануваат, е добро позната и веќе испробана тактика на Заев, која сега ја применува Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се додава дека дел од дословното спроведување на планот на Заев е и декларативното осудување на настанот. Филипче ако сака некој да му верува дека искрено се оградува од насилството во Кочани, јавно ќе се дистанцира и ќе побара оставка од неговиот советник.
Македонија
Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихеровата скала бил почувствуван синоќа во Охрид и околината.
Според информациите на сеизмолошкиот институт, потресот е регистриран половина час по полноќ.
Епицентарот е во пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, јужниот дел на Охридско Езеро.