Македонија
ЕК во вторник за укинување на визите за Македонија
Европската комисија во вторник ќе предложи укинување на визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора од први јануари 2010 година
Европската комисија во вторник ќе предложи укинување на визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора од први јануари 2010 година.
Предлозите на Европската комисија утре во Стразбур треба да ги презентира европскиот комесар за проширување Оли Рен.
Државите членки на ЕУ одлуката за укинување на визите за земјите од Западен Балкан, ќе ја усвојуваат со квалификувано мнозинство, а за тоа, според Европската комисија ќе одлучуваат министрите за внатрешни, а не за надворешни работи на унијата.
Како што најави во четвртокот, Европскиот комесар за правда, слобода и безбедност Жак Баро во Брисел први три држави ќе бидат Македонија, Србија и Црна Гора, кои постигнаа значителен напредок. Босна и Херцеговина и Албанија, според Баро, треба да почекаат една година.
Тој изрази надеж дека ЕК ќе добие поддршка од земјите членки, додавајќи дека некои од нив сигурно ќе имаат задршки.
„Задршките на Холандија, во врска со Србија секако остануваат значителен проблем, но околу масата се собираат многу моќни заговорници, така што, сметам дека ќе победиме“, рече Баро.
Според европски извори, еден од значајните проблеми што треба да се реши е Косово, кое како самостојна држава не е признато од сите членки на ЕУ. На косовските Срби ќе им требаат визи за влез во ЕУ, но молби за пасоши можат да даваат и во Белград, каде ќе добиваат српски патни исправи. Истиот проблем се јавува и со босанските Срби.
Европската комисија предлогот за укинување на визите ќе го достави до Европскиот парламент, кој за него треба да се изјасни во рок од три месеци, како и во Советот на ЕУ, а се очекува министрите за правда и за внатрешни работи на ЕУ да гласаат за укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора на состанокот закажан за 30 ноември во Брисел.Европските комесари Баро и Рен, како што е најавено, во среда во Брисел ќе ја соопштат одлуката на Европската комисија на Советот на ЕУ да му предложи префрлување на граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора на „белата шенген листа“ од први јануари идната година. /крај/ста/фонет/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

