Македонија
Државната матура годинава со подобрени резултати
Резултатите од спроведената државна матура на 16.700 матуранти годинава се генерално подобрени во однос на резултатите од минатата година
Резултатите од спроведената државна матура на 16.700 матуранти годинава се генерално подобрени во однос на резултатите од минатата година.
Ова денеска го соопшти министерот за образование и наука, Никола Тодоров на прес конференцијата на која што беа презентирани прелиминарните резултати од државната матура 2008/2009 година која што годинава се спроведе по втор пат во образовниот процес.
Подобрувањето во однос на минатата година се гледа во тоа дека е работено по иста методологија во однос на поставувањето на праг на положеност и во тоа што оваа година по сите наставни предмети има зголемување на праг на положеност. Во однос на оцените, фреквенцијата каде што оваа година се зголемува процентот на оценки е некаде во средината – тројки и четворки, односно има правилна поставеност на оценките.
Според сегашните резултати добиени од државната матура има 763 или 4,6 проценти – оценка единица, 2,975 или 12,8 проценти се двојки, 6.826 или 40,8 проценти – тројки, 5.373 или 32,1 проценти – четворки и 797 или 4,8 проценти – петки.
Предметот мајчин јазик (македонски, албански и турски јазик и литература) со праг од 42 бода го полагале вкупно 16.734 ученици од кои 763 или 4,6 проценти не го положиле.
Предметот странски јазици (англиски, германски, француски и руски јазик) со праг од 33 бода го полагале 12.175 матуранти од кои 1.103 или 9,1 проценти не го положиле.
Предметот математика основно ниво со праг за положување од 23 бода, го полагале 4,288 ученици од кои 1.035 или 24,1 проценти не го положиле.
Предметот математика напредно ниво со праг од 23 бода го полагале 116 матуранти а 20 ученици или 17,2 проценти не го положиле.
Предметот естетика, кој оваа година за прв пат се воведе во рамки на државната матура во музичките училишта, го полагале вкупно 56 матуранти од кои сите положиле.
Сите ученици положиле и по предметот филозофија кој што се полагаше во училиштето за ликовна уметност.. Предметот го полагале само 15 ученици.
Бидејќи втора година по ред се потврдува дека резултатите по математика се на значително пониско ниво од резултатите по другите предмети кои што се составен дел од државната матура ќе се направи севкупна анализа , посочи директорката на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватовиќ.
„Оваа година како институција ќе тргнеме во една поагресивна кампања за обука и стручна помош на наставниците кои што предаваат математика“, рече Хорватовиќ./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

