Македонија
Без визи во ЕУ со новите македонски пасоши
Европската комисија денеска предложи на граѓаните на Македонија да им се обезбеди патување во шенгенскиот простор без визи, со биометриски пасоши
Европската комисија денеска во Брисел предложи на граѓаните на Македонија, Србија и на Црна Гора да им се обезбеди патување во шенгенскиот простор без визи, со биометриски пасоши.
„Денеска можеме да му предложиме на Советот на Европската унија укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора“, рече еврокомесарот за правда Жак Баро
Тој додаде дека Советот за одлуката, која треба да стапи во сила на 1 јануари 2010 година, најверојатно ќе се произнесе кон крајот на октомври по консултациите со Европскиот парламент.
Македонија ги исполни условите за укинување на визите многу добро, рече Баро, додавајќи дека препораката е донесена врз основа на оценката за секоја земја посебно во воведувањето биометриски пасоши, управување со границите, миграциона политика, борбата против корупцијата и организираниот криминал и почитувањето на човековите права.
Ова е многу значаен ден за луѓето од Западен Балкан, за Европа и за мене, рече еврокомесарот за проширување Оли Рен
Граѓаните на Македонија, Србија и на Црна Гора ќе можат да патуваат без визи во сите земји членки на Европската унија, освен Велика Британија и Ирска, како и во Норвешка, Швајцарија и Исланд, рече Рен, додавајќи дека нема повеќе трошоци за визи, документи, писма со покани за посета.
Ова значи натамошна европеизација на Западен Балкан, рече Рен и изрази надеж дека на трите земји наскоро ќе им се придружат и Албанија и Босна и Херцеговина.
Баро и Рен изразија убедување дека Советот на ЕУ ќе ја усвои препораката за укинување на визите, бидејќи таа е донесена врз основа на ригорозни услови кои гарантираат безбедност.
Во првичните консултации со државите членки на ЕУ сите дадоа поддршка на укинувањето на визите, рече Рен, одговарајќи на новинарско прашање, дали Грција ќе ја прифати визната либерализација за Македонија.
Европската комисија наведува дека денешниот предлог им овозможува на граѓаните на Македонија, Црна Гора и Србија да патуваат во земјите од шенген зоната со новите биометриски пасоши.
ЕК додаде дека може да препорача укинување на визите и за Албанија и БиХ до средината на идната година. /крај/мп/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

