Македонија
Граѓаните на Скопје добија бесплатни интернет точки

Жителите на Скопје од денеска ќе можат да користат бесплатен интернет во неколку специјално одредени зони низ градот
Жителите на Скопје од денеска ќе можат да користат бесплатен интернет во неколку специјално одредени зони низ градот.
За таа цел, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска во паркот Жена борец го промовираше проектот за бесплатни интернет точки во Скопје.
„Од денеска за жителите на Скопје обезбедуваме бесплатен безжичен интернет пристап во Градскиот парк (во делот спроти бараките на администрацијата на Град Скопје) и во паркот Жена борец“, изјави
Градоначалникот Трајановски при официјалното пуштање во употреба на бесплатните интернет точки.
Безжичниот интернет пристап е слободен, без лозинка и може да го користи секој што има пренослив компјутер или друг уред, како мобилен телефон, кој има можности за бежична конекција. Безжичниот интернет ќе биде достапен 24 часа дневно, а првите месец дена ќе бидат тест период.
Типот на интернет конекцијата е несиметрична Wi-Fi по технолошки стандард 802.11 a/b/g со минимални брзини од 4 Mbps download / 512 Kbps upload. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.