Македонија
Венци свежо цвеќе на споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес

Свежо цвеќе пред Споменикот на жртвите во скопскиот земјотрес од 1963 година, на градските гробишта во Бутел, положи денеска делегација на Градот
Свежо цвеќе пред Споменикот на жртвите во скопскиот земјотрес од 1963 година, на градските гробишта во Бутел, положи денеска делегација на Градот Скопје.
„На овој ден се потсетуваме на катастрофалниот земјотрес од 1963 година што го промени лицето на Скопје. На овој ден повторно испраќаме порака за благодарност до целиот свет и до сите хумани луѓе кои придонесоа Скопје повторно да се издигне, изјави градоначалникот Коце Трајановски.
Пред Споменикот на жртвите во скопскиот земјотрес венци свежо цвеќе положија и делегации од кабинетот на Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, од Собранието, од Владата, претставници од Армијата на Република Македонија, од општините во градот Скопје, како и делегација од Црвениот крст. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.