Македонија
Украл 30 велосипеди за два месеца

Полицијата го приведе Х.В (39) од прилепското село Канатларци, кој е осомничен дека за два месеца во Скопје украл 30 велосипеди
Полицијата го приведе Х.В (39) од прилепското село Канатларци, кој е осомничен дека за два месеца во Скопје украл 30 велосипеди.
Истрагата утврди дека Х.В доаѓал од Канатларци во Скопје со намера да краде велосипеди, а пленот најчесто им го продавал на лица вработени на градилиштето на Бетон, кај Стариот театар, но и во штипско и кочанско за најмалку 500 денари.
Тој од почетокот на мај годинава на повеќе локации во Скопје, а најчесто на булеварот „Крсте Мисирков“, со клешта ги сечел сајлите со кои велосипедите биле врзани и незабележан со возење заминувал од местото на кражбата.
Полицијата досега целосно документираше 17 кражби, а велосипедите по препознавањето им се вратени на сопствениците./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.