Македонија
Еколошките проекти да добијат приоритетна цел

Темите за заштитата на животната средина да добијат приоритетно место и да се најдат во фокусот при одлучувањето на сите нивоа
Темите за заштитата на животната средина да добијат приоритетно место и да се најдат во фокусот при одлучувањето на сите нивоа
За таа цел денеска попладне во Скопје ќе се одржи втората тркалезна маса со наслов “РЕА Проект во Република Македонија“.
Во рамките на проектот се работи на подигање на свеста и јакнење на поврзаноста на членовите на локалните и националните парламенти, на преставниците на министерствата, на членовите на политичките партии, на НВО, на бизнис секторот како во Македонија така и на регионално ниво.
На денешниот форум поканети поголем број на пратеници од сите политички партии, претежно членовите на Македонската парламентарна зелена лоби група, претставници на Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање, и дрги државни функционери. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.