Македонија
Стартува Илинденскиот коњички марш

Група од триесетина коњаници облечени во комитска носија денеска попладне ќе тргнат на марш кон Крушево, каде на 2 август се одбележува
Група од триесетина коњаници облечени во комитска носија денеска попладне ќе тргнат на марш кон Крушево, каде на 2 август се одбележува еден од најголемите македонски празници Илинден.
Предвидено е коњичкиот марш да стартува во дворот на Општина Аеродром, каде е предвидено свечено испраќање на коњаниците од Горно Лисиче.
Од општинскиот двор, коњаниците ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче од каде што потоа ќе заминат кон славниот Мечкин камен во Крушево. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.