Македонија
Рен – можно е решение за спорот за името

Еврокомесарот за проширување Оли Рен изрази денеска уверување дека е можно да се најде решение за разликите околу името меѓу Македонија и Грција
Еврокомесарот за проширување Оли Рен изрази денеска уверување дека е можно да се најде решение за разликите околу името меѓу Македонија и Грција, пренесува Макфакс.
„Секако дека е можно да се најде решение за некои билатерални прашања, како што е билатералниот граничен спор меѓу Хрватска и Словенија, или спорот околу името меѓу Македонија и Грција“, изјави попладнево Рен на прес конференција во Брисел.
„На секое од овие прашања мораме да им пристапиме одвоено, заедно со засегнатите земји, да ги отстраниме пречките и на тој начин да оствариме напредок во процесот на интегрирање на западниот Балкан во Европската унија“, додаде еврокомесарот за проширување на конференција за новинари по завршувањето на редовниот месечен состанок на шефовите на дипломатиите на Унијата./крај/х/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.