Македонија
Собранието ги донесе промените за финансирање на партиите

Македонското Собрание го усвои предлог законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии – предуслов за ЕУ
Македонското Собрание го усвои предлог законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии, еден од предусловите за приближување кон Европската унија
Законот попладнево беше изгласан едногласно со 68 гласа, без никаква дебата.
На денешното гласање му претходеше лидерскиот договор од минатата недела меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и НД за поддршка на овој закон, заедно со неколку проекти, со цел Македонија да ги зголеми шансите за добивање позитивен извештај од ЕУ односно датум за преговори за членство.
Законот треба овозможи поголема контрола и транспарентност во финансирањето на партиите./крај/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.