Македонија
Работник во критична состојба по пад на стадионот Филип II

Градежен работник паднал денеска од северната трибина, која се гради на стадионот „Филип II Македонски“ во Скопје и во многу критична состојба
Градежен работник паднал денеска од северната трибина, која се гради на стадионот „Филип II Македонски“ во Скопје и во моментот се наоѓа во многу критична состојба.
Директорот на Клиниката за неврохирургија, проф. д-р. Александар Чепароски за Макфакс изјави дека градежниот работник се здобил со повреди на главата и стомакот. Тој, најверојатно поради повреди на слезината има внатрешно крварење и во моментот се наоѓа во операциона сала.
Состојбата на повредениот, според Чепароски засега е неизвесна.
А1 телевизија јави дека станува збор за 55-годишен вработен во „Бетон“./крај/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.