Македонија
Илинденски марш

Повеќе планинарски друштва од Македонија, како и планинари од странство, денеска ќе го почнат традиционалниот марш по повод националниот празник
Повеќе планинарски друштва од Македонија, како и планинари од странство, денеска ќе го почнат традиционалниот марш по повод националниот празник – Илинден.
Маршот ќе се одржи од 29 јули до 05.август, маршутата е долга околу 200 км, а се пешачи дневно околу 10 – 12 часа.
Маршутата води по трагите на Илинденците низ Централна Македонија, од месноста Преслап, планините Китка и Караџица и кон нејзиниот врв Солунска глава. Патот продолжува преку Плавник, Даутица, Мочур, Бушава планина и планинскиот масив на Плаќенска и Илинска планина.
Стартот на маршот ќе биде претпладнево пред музејот – црква Свети Спас во Скопје. Целта е пристигнување на планинарите на денот на големата прослава во Крушево на 2 август завршувајќи со Охрид на 5 август./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.