Македонија
Животно загрозен работникот од Градски

Животно е загрозен градежниот работник, кој настрада при пад на стадионот „Филип II Македонски“ во Скопје
Животно е загрозен градежниот работник, кој настрада при пад на стадионот „Филип II Македонски“ во Скопје.
Работникот П..Ж. „е во тешка здравствена состојба и е животно загрозен. Постапките за реанимација и интензивно лекување се во тек“, соопшти попладнево Клиниката за анестезија реанимација и интензивно лекување.
Несреќата се случи вчера, кога работникот падна од северната трибина, која се гради на стадионот „Филип II Македонски“
Работникот при падот се здобил со повреди на главата и стомакот./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.