Македонија
Вицепремиерот за Рамковниот на средба со албанскиот амбасадор
Потпретседателот на Владата, Абдилаќим Адеми задолжен за спроведување на Рамковниот договор денеска ќе оствари средба со амбасадорот на Албанија
Потпретседателот на Владата, Абдилаќим Адеми задолжен за спроведување на Рамковниот договор денеска ќе оствари средба со амбасадорот на Албанија во Скопје, Арбен Чејку.
По средбата, како што е најавено, вицепремиерот Адеми и амбасадорот Чејку ќе дадат изјави за новинарите./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„СДС вршеле рекет сред пандемија, со закани уцени и притисоци Заев и Филипче сакале да ја преземат болницата Жан Митрев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Последните сведоштва во јавноста на др Жан Митрев сè уште еден доказ за мафијашкото владеење на СДС на чело со кланот Заеви и нивниот спотер кој ја чува фотелјата на Бихачка, Венко Филипче. Во екот на ковид пандемијата кога граѓаните се бореа за живот Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле кризата за да профитираат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заев и Филипче ги злоупотребиле институциите на државата за да вршат притисок, рекет и уцени со намера да ја превземат приватната болница Жан Митрев. Заев и Филипче освен притисокот и уцените ветиле и „помош во судски процеси“ во замена за удели.
Тандемот Заев и Филипче се обиделе болницата да биде откупена по цена далеку пониска од нејзината реална пазарна вредност што претставува организиран грабеж.
Дополнително уште пошокантен е фактот кој според кажувањата на Жан Митрев по само една недела од моментот кога поединци од власта изразиле желба за болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба.
Овој случај е типичен пример за мафијашко дејствување на Заев и Филипче. Ова е само дел од низата случаи во криминалната мрежа на тандемот Заев-Филипче и скандалите како златните визи во Дубаи, становите во Дубаи, висококатницата во Дубаи, акции во индиска авиокомпанија, фирми во Бугарија и Македонија.
Тендери, проценти, злоупотреби на функциите за лично богатење, рекет и предавства се синоними за начинот на дејствување на кланот Заеви и Филипче.
Дали вака за СДС изгледа европска Македонија што ја ветуваат? Дали со рекет, уцени и закани Филипче и СДС сакаат повторно, некогаш да ја управуваат државата?
Венко Филипче после сите афери и скандали кои се врзуваат со неговото име нема кредибилитет да биде на политичката сцена. После вакви скандали доколку Филипче би имал морал и доблест веднаш би си поднел оставка.
ЈО да не молчи. ЈО веднаш да го истражи случајот. Одговорност и правда мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег

