Македонија
Две просечни плати за семејството на малата Сонија

Еднократна парична помош во износ од две просечни плати ќе добие семејството на малата Сонија Имеровска од министерството за труд и социјална
Еднократна парична помош во износ од две просечни плати ќе добие семејството на малата Сонија Имеровска од министерството за труд и социјална политика.
Ова денеска го изјави ресорниот министер Џељаљ Бајрами, истакнувајќи дека не можел да остане рамнодушен по глетката, што ја видел на една од националните телевизии, која емитувала прилог за Сонија.
Министерот напомена дека согласно постоечкиот македонски закон ја доделил највисоката еднократна помош, која била на располагање.
Тригодишната Сонија е девојче од ромска националност, која со месеци живее во неиздржливи болки, откако се здоби со тешки изгореници по целото тело, во пожар во семејната куќа во битолската населба Баир. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.